|
Архива -
297
|
|
Автор: Дедо Мраз
|
|
Вторник, 24 Јануари 2012 15:22 |
|
Пишува: Дедо Мраз
(авторот е сезонски вработен со договор за дело, ама најниската плата му е гарантирана од државата)
Поголеми згради, но покуси нерви;
Пошироки патишта (ова не важи за Македонија), но потесни видици (ама ова да, важи);
Повеќе трошиме, а помалку имаме;
Повеќе купуваме, а помалку уживаме.
Поголеми куќи (е де! не сите...), а помали семејства;
|
|
Повеќе...
|
|
Архива -
297
|
|
Автор: Марјан Вучковиќ
|
|
Вторник, 24 Јануари 2012 15:07 |
|
Дали сте се запрашале кој е најголемио лажго? И не само шо е лажго, туку секоја година се кандидира за истата функција со ветувања за убај нешта. Така беше и лани. Рече - пишете шо ви треба, а јас ќе ви исполнам. Е па, ај да видиме шо ни исполна Дедо мраз:
За почетоко, од ко се отрезнивме од славење, уште снег имаше во јануар кога почна „арапската пролет". Ако знај некој оти ја викат, пролет алал да му е. Остај то, туку Јапонцине ги трефна еден земјотрес и нуклеарка шо сите вгаќи се помочафне од страв, оти еднаш Чернобил беше... Па, Вилијам и Кејти само шо си се венчаја, Американциве кажаја дека Осама Бин е мртов-ладен. Па си ојде и Ејми Вајн Хаус и Гоце наш на Арнаудовци.
|
|
Повеќе...
|
|
Архива -
297
|
|
Автор: Панде Манојлов
|
|
Вторник, 24 Јануари 2012 15:01 |
|
Облечен во старо излитено палто купено од „ЦУМ" во Софија токму на денот кога беше уапсен претседателот Тодор Живков и со црна паларија купена во Белград претходната година кога не се знаеше дали Сава се влева во Дунав или обратно и дали реката Вардар тече кон Триглав или Егејско Море, точно по дваесет години, понесувајќи го со себе татковото старо картонско куферче, на кое, на горната страна од капакот пишуваше „Порт Кембла 1964", го напушти темниот вилает и замина во Европа. Замина од црниот за да најде спокојство во белиот свет. Замина со побелени коси и бела брада.
Не сакаше со себе да понесе ништо. Ниту белег од времето ниту прашинка од својата татковина. Сакаше да си остане само балкански господин со балканско достоинство.
|
|
Повеќе...
|
|
Архива -
297
|
|
Автор: ЕГО Редакција
|
|
Вторник, 24 Јануари 2012 15:14 |
|

Кршење камења во бубрегот и во уринарниот тракт почна да се практикува и во битолската болница. Покрај современата опрема, во Битола престојува и д-р Илија Салтиров од Воено-медицинската академија од Софија кој ги обучува битолските уролози.
- Првите интервенции врз пациентите во Битола се исклучително успешни, благодарение на искуството на колегата Салтиров и заради погодностите што ги овозможува модерната медицинска апаратура, тн. литотриптер. Планирано е обуката да опфати повеќемина од нашите вработени, за да имаме тим кој ќе може да одговори на потребите, вели д-р Трајко Батанџиоски, раководител на Одделението за урологија.
|
|
Повеќе...
|
|