|
Геополитика на Балканот
БАЛКАНСКА ОЛУЈА
Американските војници од составот на КФОР деновиве од Бондстил се преместија кон северниот дел од Косово. Населението од овој крај (Срби кои останаа таму да живеат), сметаат дека овој маневар е во рамките на обидите за ставање на српските енклави под централната власт на Приштина. Некои оценки одат до екстреми, па предвидуваат дека можеби се подготвува
Косовска олуја
те, етничко чистење за жителите на Косовска Митровица и околината. Одредени изјави од високи офицери на НАТО одат во прилог на оваа теза, со оглед на тоа што командантот на јужното крило на НАТО, Марк Фицџералд има кажано дека и употреба на сила доаѓа предвид со цел да се интегрира целото Косово. Сепак, смирувачки тонови стигаат од КФОР, од каде се вели дека маневрите се во рамките на редовните вежбовни активности и дека немаат никакви разузнавачки информации ни друг вид најави за било каква вонредна ситуација или акција која се планира во тој правец.
Откако Питер Фејт го објави Планот на Меѓународната цивилна канцеларија на Косово за ставање под централна власт и на српките енклави од северот на Косово, командантот на јужното крило на НАТО, Фицџералд, кажа дека Алијансата го поддржува тој план и дека паралелните структури кои се поддржани од Белград, се
Закана за безбедноста
во регионот. Додаде дека КФОР ја следи ситуацијата е подготвен да реагира.
Посериозните аналитичари велат дека можноста за оружени немири се еднакви на нула. Северниот дел на Косово ја има логистиката од Србија, а на тереност се присутни десетпати повеќе луѓе отколку во 1999 (заради населувањето од другите делови од Косово). Тие зад себе имат воено искуство, така што некоја нова Олуја не би поминала толку лесно, што во случајов е фактор за одвраќање на оружена акција од типот Олуја.
Но, состојбите не се толку едноставни, што станува јасно ако се земе предвид поширокиот контекст. Канадскиот центар за истражување на глобализацијата, "Global Research" во текстот „Нови
Војни на Балканот
на повидок“, вели дека воена кампања против Република Српска во Босна би можела да биде изведена со едновремена оружена акција на косовските власти на северот од Косово против Србите од Косовска Митровица. Анализата на овој институт проценува дека синхронизирана воена акција би можела да се случи уште во април, годинава.
Споредбата на состојбите во Република Српска и Косово, покажува дека во Босна ситуацијата е многу посериозна. Во Република Српска зрее можноста за референдум и отцепување од БиХ, што нема да помине без големи потреси. Од друга страна, планот на Питер Фејт подразбира мирна интеграција на Косовска Митровица, под претпоставка Србија тоа да го дозволи и да се испазари купувајќи мир во Прешево, Медвеѓа и Бујановац.
Меѓутоа, колку навистина може да биде опасна целава ситуација?
Мирот или војната
зависат од големите сили. Новата воена руска доктрина ширењето на НАТО го смета за национална закана и го задржува правото на Русија да употреби и нуклеарно оружје доколку опстанокот и е загрозен. Границата меѓу Косово е Србија не само што критична зона од регионален карактер, туку и од глобален, зашто прашање е дали Русија се откажала од амбициите да влијае во Србија. За тоа сведочи и инсталирањето на руски сили во близината на Ниш, за кои едни велат дека се класична воена база, а други дека се работи за група инструктори со поинаква намена.
Во претходните воени доктрини (сегашната е четврта по ред во постсоветска Русија) не се споменуваше поименично ниту една земја или групација како непријател на Русија, но во најновава како
Закана се смета ширењето
на НАТО кон земјите кои граничат со Русија. Тоа не е за потценување, така што не е исклучено Русија да се обиде да си ги одмери силите и малку подалеку од нејзините граници, што значи во српско-косовскиот проблем влогот е голем и од двете страни - логистички, разузнавачки, политички и не дај боже, воен!
|