Почетна --> Архива --> 229 --> Шах – мат позиција
Шах – мат позиција
Автор: Марјан Вучковиќ   

Марјан Вучковиќ

Повели на шах!

п.с. Ми фали коњ!

Загревањето на атмосферата во македонската политика со квази-митинзи и селски собири, ја подгрева атмосферата за активирање на политичката машинерија во Македонија за нови избори. Природните катастрофи од типот на патните одрони, излевањето на реките и покачувањето на нивото на Охридско Езеро како кец на десетка се наметнаа за политичарите да се растрчаат по собирање на гласови.

Се то арно шо се растрчаја, шо делат ГАРАНЦИИ дека ако дојдат на власт се ќе суредат! Арно ама едно нешто или не сфаќат или намерно го прескокнуваат. Ситуацијата во која се наоѓаме, а тоа е ситуација која може да ни донесе голем напредок во проблемот и решавањето на квази-спорот со грците, ние го ставаме во шах – мат позиција со започнување на

Предвремени кампањи

за избори. Имено, Грција која е членка на ЕУ, но и на шенген-зоната, себе си се доведе до ситуација на банкрот, според некои поради кризата, а според други поради несовесното работење на грчките влади. Ама како и да е најважно за нас е тоа што грчка е пред банкрот, а со тоа се става во залог и функционирањето на земјите од евро-зоната, бидејќи тоа е систем на врзани садови. Па така, Германците кога разбраа дека треба да и помагаат на грчка се испаничија, зашто за разлика од грците, Германците по цел ден работат а не се сончаат на Егеј. За да биде ситуацијата уште подраматична, Германија испрати предлог да се помогне на грција, под услов да се реши отвореното прашање со Македонија, со што многу полесно би се контролирало како грција ги троши парите кои би ги добила. Кога тоа го слушнаа,

грциве се испаничија

па како и секогаш излегоа со наивен став дека Германија треба да и додели надоместок на грција кој не бил исплатен уште од Втортата светска војна. Вистина е тоа што грците пласираат такви глупости како со името кон нас, ама ова последново не им требаше. Демек, ако не давате пари ние ќе плачиме па ќе мора да ни дајте пошто уствари вие ни ги должите тие пари. А бе, да ти дојди да се отруеш од глупави изјави на детинести политичари.

Е добро сеа да се вратиме кај нас. На Американците им се бендиса муабето шо на кафе го врзаја со Германците и пуштија свои душкала кај нас минатата недела да проверат шо е како е. Ај шо дојдоа Американците, дојде и Нимиц, па дојдоа и од ЕУ, па и други дојдоа (ама за нив не не известија на МТВ!). Сума-сумарус, сите не спремат за решение, ама ние се спремаме за избори. Комплетно глупав потег ко грците да ни се комшии. Наместо да се консолидираме сега ко ги стегнаја овие, ние почнуваме со бучкуруши, ама то е така зато шо за да се дојде на власт душата си ја продаваат и на самиот грк! А

грко ај шо прај глупи испади

прај и доста интелегентни заврзлами, па пушти факелче за избори тука кај нас, со добро промислена тактика. Значи, ако кај нас се спремаме за избори, проблемот со името ќе мора да се замрзне. Арно ама финансиската помош за грција не може да чека оти ќе ги руши сите. Па така, дури да се средиме ние до после избори, замина возо за решавање на името и ај јово – наново.

Е сеа, ако ова сценарио не е точно, те. грциве не се сетиле да подметнат оганче за избори кај нас, то значи дека нашите политичари се толку лекомислени (или народски кажано гл...) шо на чоек не му преостанува ништо друго освен да ги збриши од политичката бина, се разбира на избори, ама малку потаму!

 
 

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски