|

Посесивноста е состојба која може да се јави во сите емотивни релации. Најчесто ги проследува и загрозува емоциите на блискост и наклонетост насочени кон драги личности, било да е партнерска, семејна, родителска или пријателска релација. Посесивноста е страв дека можеме да ја загубиме драгата личност, а се доживува како чувство на љубомора. Љубомората во голем дел е резултат на психолошкото незнаење за себе си, за другите, а особено за љубовта. Недоразбирањата во врска со љубовта водат до љубомора.
Под љубов луѓето подразбираат некој вид на
Монопол, поседување
а не сфаќаат дека во моентот кога ќе почнеме да поседуваме некое живо суштество, ние него сме го изгубиле. Животот не може да се поседува . Но со векови владее спротивно мислење кое довело до тоа љубовта да не се разликува од љубомората. Таа станала речиси една енергија. Дури и љубомората е како еден вид показател на љубовта, па кога отсуствува се прашуваме дали ја љубиме таа личност. Но љубовта и љубомората се всушност спротивни полови, љубомората не може да сака и обратно, умот што сака не може да биде љубоморен.
Љубомората е еден од најголемите непријатели на личниот развој. Таа е еден од најопасните елементи на човековата свест. Таа може да доведе до
Лично уништување
ако не е разумна или до трансформација ако се надмине.
Како се надминува?
Најнапред треба да се соочиме со љубомората без обид да се задоволиме себе си со објаснувања дека љубомората е оправдана. Да се соочиме со својот најголем непријател без криење, без обидување да ја прикажеме во подобро светло или дека ние сме во право, дека ситоацијата е таква што мора да бидеме љубоморни, без разубавување на љубомората. Ако се задоволиме со тоа дека е во ред таа да постои, тогаш ја засилуваме. Но ако се соочиме со неа без било какво објаснување или изговор за нејзиното постоење, не сме ја оправдале, сме ја прифатиле.
Прифаќање на љубомората
значи и прифаќање на свесноста дека таа има голема врска со нас, а не со некој друг и дека никој друг на овој свет не е виновен за тоа. Сето тоа се само изговори за да се заштити таа.
Самото согледување на проблемот, кога е реално води до исчезнување. Така и со љубомората, штом еднаш ја прифатиме како наша реакција на одредени надворешни случувања и станеме свесни дека таа реакција не е нешто што се мора. Имаме и други избори, како и оној да не ја оправдаме оваа реакција туку да ја поништиме. Ништо не се мора, па не мора ни љубоморно да се реагира. Љубомората е нашиот непријател број еден, таа одзема многу енергија. Кога таа замине енергијата може слободно да тече, а тоа ќе не доведе до поголема живост, повеќе љубов, поголема сетилност.
Кога следен пат се појави, во истиот миг треба да ја фатиме и да го направиме со неа она што го правиме со непријателот број еден. Не го оправдувајте, не барајте причини за нејзино постоење, таа е само наша
Грешно условена реакција
ние ја ствараме и растеме и само ние можеме да ја уништиме. Љубомората не е никогаш оправдана, не е предизвикана од друг ние сме тие што бираме така да реагираме и ние сме тие што ќе одбереме да не реагираме така. Кога еднаш сме успеале таа ќе биде се послаба и понемоќна, а ние слободни и независни. Слободата бара храброст и решitелност но ќе уживаме во неа.
|