Почетна
Добредојде во ЕГО!
Скери муви спешл едишн! Печати Е-пошта
Архива - 246
Автор: Марјан Вучковиќ   
Вторник, 03 Август 2010 11:18

„Scary movie“ се филмови-пародија на високорангираните хорор-филмови. Денес во Македонијава наша, имаме бура пред затишје. Бура пред летниот августовски одмор кој му следува на државниот врв. Оваа бура која ја поистоветувам со „Скери муви“ и накратко ќе ја проанализирам.

Млекарот од Битолско, киснеше во притвор. Му нашле марихуанче, иако тој вели дека пушел само тутун. Нејсе, чоеко си ги бараше правата со млекарницата во стечај, ама еден убав сончев ден, од една партија се сетија да го викнат млекарот на митинг у Скопје. Демек - спешл гест! Па се изгушкаја, кренаја тупаници на говорница, аааа, уууу, ова-она... и, по една недела - оп марихуанче! - па притвор, па протесни маршој, собирање потписи, се на се - чиста лакрдија!

Повеќе...
 
КАМЕН-ТЕМЕЛНИК ЗА ДВЕ НОВИ СПОРТСКИ САЛИ Печати Е-пошта
Архива - 246
Автор: ЕГО Редакција   
Вторник, 03 Август 2010 11:15

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во текот на престојот во Битола  во неделата, на спортистите од овој град им го предаде фудбалското игралиште “Павел Шатев”, го означи почетокот за изградба на две училишни спортски сали и ги соопшти постигнатите резултати од борбата против дрогата.

Повеќе...
 
ШУШКА СЕ ШУШКА, ДА ЈА ВОЛИМ ДУШКА... Печати Е-пошта
Архива - 246
Автор: Спектатор   
Вторник, 03 Август 2010 10:49

Канабисот наш, исушен...

ШУШКА СЕ ШУШКА, ДА ЈА ВОЛИМ ДУШКА...

Марихуаната припаѓа на сортата канабис-дроги и е најкористена дрога во светот... и кај нас, разбира се. Името го добила од португалскиот збор “маргуанго” што означува кој било дел од едно растение кое е исечено и исушено се пуши во цигара, луле или на друг начин. Најпопуларна станала во '30-те години на 20 век особено за време на медиумските и владините кампањи во Америка. Како билка е позната уште во стара Кина, Индија и е запишана во медицинските книги пред 2700 години п.н.е.

Повеќе...
 
НЕ ГИ НОСАМ НАОЧАРИТЕ Печати Е-пошта
Архива - 246
Автор: Јордан Николов   
Вторник, 03 Август 2010 11:04

Верувам дека сите сте биле жртви на социјално-девијантното однесување кое ќе го наречам силеџиство на постарите, а кое баш заради тоа што доаѓа од постари лица (или политички коректната категоризација: лица од третата доба) секогаш им поминува толку лесно, а тие осилени од таквата ситуација продолжуваат, па дури и ја зголемуваат тортурата врз нас, кутрите, ни криви ни должни, останати граѓани. Пред да ме обвините за нечовечност и нечувствителност, да ви дадам примери за што зборувам и сигурен сум дека секој еден од вас ќе се сети дека се нашол во таква, или слична ситуација. 

Повеќе...
 
ДИРЕКТОРСКИ МАКИ ГОЛЕМИ Печати Е-пошта
Архива - 246
Автор: Спектатор   
Вторник, 03 Август 2010 10:47

Што се случи во овие недела-две во нашиов двор? Ај да опулиме шо добивме.

1. Си добивме ново ем младо како Борче директорче на Центарот за култура, ем правник со положен (на прво!) правосуден испит. Ги победи младиов сите конкуренти во регуларно време, без продолжение и пенали. Ја плени довербата на министерката Бети Канчевска Милевска, ама што го чека... поарно одма нека си замини. Културно е да се каже дека овој треба да ги балансира искушението и можностите.

Повеќе...
 
СТАМЕНО ИСПРАВЕН ГО ДООДЕ ПАТОТ ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА Печати Е-пошта
Архива - 246
Автор: Панде Манојлов   
Вторник, 03 Август 2010 10:40

За Гане Тодоровски, посмртно

Имав чест, но и голема обврска да бидам член на Комисијата за доделување наградата “Димитар Митрев” за книжевно- творечките достигнувања од областа на литературната критика на Друштвото на писателите на Македонија за 2010 година. Се разбира, еден од трите члена, зашто покрај мене беа и Илија Велев како претседател и Кристина Николовска како член. Меѓу десетината наслови од ид исто толкав број на литературни критичари, за наградата конкурираше и делото “Јавнопис” од Гане Тодоровски.

Повеќе...
 
Летото и љубовта Печати Е-пошта
Архива - 246
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   
Вторник, 03 Август 2010 10:59

Љубовта е мистерија која на животот му дава најцелосен смисол. Таа претставува витална врска со изворот на животот и радоста. Оваа универзална вистина е постојано повторувана и на свесно ниво повеќето од нас сакаме да ја применуваме. Психолозите ја потенцираат важноста на емоционалната исполнетост и укажуваат најразлични начини како тоа да се постигне. За да оствариме успешна релација мораме да прифатиме и да сфатиме дека и љубовта минува низ свои годишни времиња.

Повеќе...
 
 
Его Насловна бр.246

Анкета

Дали би го менувале името за влез во унијата?
 
ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски