Почетна --> Архива --> 170 --> БОЛВИ
БОЛВИ
Автор: Д-р Јуксел Сулејмани   

Д-р Јуксел СулејманиНајчести главоболки на сопствениците на кучињата и мачките во пролетните и летните денови им задават болвите на нивните миленици. Во тој период се најоптимални условите за размножување на овие паразити (влага, температура). Во зимниот период бројот на болви е многу помал бидејќи поради пониските температури голем број од ларвите и јајцата на болвите изумираат.

 

Кучешката и мачкината

болва (Ctenocephalides canis i  Ctenocephalides felis) се инсекти, со кафеава боја и  сплескано тело кои паразитираат на овие домашни миленици. Тие се хранаат цицајќи крв од своите домаќини Една болва е во состојба да испие дневно крв во количина 15 пати поголема од нејзината тежина! Женките на болвата во текот на животот полагаат повеќе стотини јајца. Овие јајца не се лепливи и не се залепени за влакното на домаќинот и затоа тие паѓаат на тлото. Од нив излегуваат ларви кои се хранат со изметот на болвите, потоа се зачауруваат и после 7 - 14 дена од нив излегуваат возрасни болви кои бараат нов домаќин за да можат да опстанат. Ако не се во можност да пронајдат куче, или мачка на кои би живееле, се случува да нападнат и човек, но не е докажано дека кучешките болви можат да цицаат крв од него .

БолваБолвите се многу брзи и ретко може да се забележат на нашите миленици. Полесно се открива нивниот измет кој наликува на кафеаво црни точки. Ако вашиот миленик го истриете над бела хартија или ткаенина и на неа најдете вакви точки, највероватно тој има болви Со влажна вата поминете по овие точки на хартијата и ако се добие црвенкасто-кафеава трага (од крвта која ја цицала болвата) време е да преземете мерки да го исчистите вашиот миленик од овие паразити. Опасноста од болвите не е само поради тоа што ја цицаат крвта туку со тој чин механички шират болести од куче на куче, а и се преодни домаќини на тениите на кучињата. Кучето кое при каснувувањето на местата каде чуствува чешпање, кое го предизвикува болвата, може да ја прекаса болвата и со тоа да ја голтне и во неговите црева ќе се развие кучешката тенија (Dipilidium caninum). Постои можност и човекот ако прегризе болва да се зарази со оваа кучешка тенија.

Покрај болката и немирот кој го предизвикуват болвите кај своите домаќини, при цицањето на крвта тие испуштаат лига која го спречува згрутчувањето на крвта, но и придонесува за силна  алергиска реакција кај домаќините.

Од искуство знам, дека 90% од причините за чешање и опаѓање на влакната кај кучињата се последица од каснување од болви. Прво се јавува незапирливо чешање на местата над опашката и на бутовите. Потоа доаѓа до опаѓање на влакното и појава на голи и зажарени места. Овие места се погодни и за бактериски инфекции а може да дојде и до потемнување (хиперпигментација ) на кожата на овие делови.

 

Терапија

при вакви случаи е првенствено третирање на животните со средства кои се отровни за болвите, а неотровни за животните . Ако веќе дошло до инфекција, местата каде се чешало животното треба да се третираат и со антибиотици. Бидејќи е скоро невозможно вашите миленици да не дојдат во контакт со болви, препорачливо е да користие средства кои нема да дозволат болвите да преминат на нив. Тие можат да бидат во вид на

 

Околувратици

или во вид на течност која се става на кожата на вратот. Овие средстава се успешни само до два месеци па се препорачува редовно обновување на заштитата. Исто така треба и местата каде се сместени милениците да се третираат со антипаразитарни средстава, за да се уништата и ларвите и јајцата кои се на тие места.

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски