|
Како ги доживуватe сите настани, случувања и појави во вашите мисли? Како ги среќавате луѓето? Кој е внатрешниот говор кој ве исполнува? Ако во нив ја гледате добрината и позитивното, тогаш ги применувате чудата на внатрешниот говор на конструктивен начин.
Човекот е она за што се размислува во своето срце. Ако внатрешниот говор е многу негативен, тоа кажува што чувствуваме кон себе си . Како што сме развиле навика за избегнување на Калливите места на патот по кој одиме, исто така треба да ја избегнеме прошетката по калливите патишта на својот ум! Таму се прикриваат и демнат стравот, нерасположението, непријателството и лутината. Не допирајте ги негативните расположенија и не дозволувајте да ве обземат. Тоа се постигнува со вежбање на внатрешно одвојување, што што ќе доведе до ново чувство за себе си. Тоа е процес на самосвесност и самонабљудување. Тајната на промената на негативната емоционална природа се состои во самонабљудување. Као да се постигне тоа? Потребно е да научиме да ги разликуваме исправните од неисправните идеи и мисли кои ќе не доведат до смиреност и спокојство. Најнапред да станеме свесни дека живееме во два света - надворешен и внатрешен, кои се всушност Еден свет Надворешниот свет е објективен, влегува низ нашите сетила и е видлив за сите. Внатрешниот свет на мислите и впечатоците, чувствата и верувањата, реакциите е невидлив и ни припаѓа само нам. Запрашајте се - во кој свет живеам? Дали во оној кој го откриваат моите сетила или во внатрешниот свет? Местото каде чувствуваме и страдаме е внатрешниот свет. Ние всушност цело време живееме во него. Да замислиме дека присуствуваме на некоја веселба. Се што ќе видеме, чуеме, пробаме, помирисаме и допреме му припаѓа на надворешниот свет. Се што ќе помислиме и почувствуваме, се што ќе ни се допадне, или нема да ни се допадне му припаѓа на внатрешниот свет. Ние присуствуваме на Две веселби што различо ги доживуваме, едниот е надворешен а другиот е внатрешен свет. Во тој наш внатрешен свет на мисли и чувства се одвиваат сите наши подеми, падови и колебања. Ние не само што во него живееме, страдаме или се радуваме, ние всушност сме негови креатори. Она што во него доминира како мисла или емоција го создаваме самите ние, а потоа веруваме дека некој друг од надворешниот свет тоа го предизвикал. Она што треба да го прифатиме е магичното сознание дека ние сме творци на сопствениот внатрешен свет и дека треба одговорно да пријдеме кон негово преобликување. За да се промениме себе си мораме да почнеме да го менуваме тој свој внатрешен свет со прочистување на своите емоции и исправно размислување. Многу луѓе ќе речат: „Сакам да го постигнам тоа но не можам“ или, „Не знам како“; или “Лесно е да се рече тешко да се постигне...“ и слични рационализации кои го оправдуваат постоењето на менталните отрови. Ментални отрови се негативни мисли и чувства кои постојат во нашата потсвест. За нивното постоење сме одговорни само ние и само ние го имаме противотровот. Потребна е свесна одлука и одговорен пристап за изградба на сопствен мир, благосостојба и среќа. Тоа е процес на трансформација или промена - преобликување на едно нешто во друго. Како што ни се познати трансформациите во светот на материјата, исто е и во нашиот внатрешен свет. Шеќерот по пат на дестилација се трансформира во алкохол, храната што ја јадеме по пат на варење минува во хранливи материи неопходни за наш опстанок. Исто и искуствата што влегуваат во нас како впечатоци мора да се преобликуваат. Луѓето и настаните за нас не се неутрални, туку се онакви какви ние замислуваме дека се - некои добри, други лоши, трети не навредуваат, четврти не усреќуваат. Откако ќе го преобликуваме надворешниот свет следи верување дека нештата се вистина такви какви ги доживуваме. Тука е мигот на личното ослабување, зашто вака силата и моќта за тоа како ќе делуваат во нашиот внатрешен свет е нaдвор од нас, а ние сме немоќни приемници во сопствениот внатрешен свет. За да го промените својот живот променете ги своите негативни реакции. Секогаш кога сте склони да станете лути, критични, депресивни или непријатни, знајте дека тоа доаѓа од вашата несигурност за сопствената вредност која вие ја креирате, а другиот само ви ја поттикнал. Не чекајте другите да ве потврдат, а уште помалку да ве усреќат. Оној што може да ве потврди сте само самите вие. Не се идентификувајте со негативни работи како што се стравот, предрасудите, ароганцијата, осудувањето. Вие не морате да одите во насока на негативните мисли и чувства. Наместо тоа, дајте му сила на Позитивниот внатрешен говор во вас, почнете да се потврдувате: „Јас сум силен, среќен, љубезен“;“ Јас сум полн со љубов и разбирање“, “ Јас сум во мир и хармонија со себе си“. Чувствувајте ја таа состојба на умот, верувајте и и негувајте ја. Тоа во што верувате тоа и станувате. Креирајте го тоа позитивно,,Јас,, во себе кое набљудува, не барајте го во она што го набљудувате. |