Почетна --> Архива --> 170 --> ВО БОРБА, ВО БОРБА...
ВО БОРБА, ВО БОРБА...
Автор: Тоше Ивановски   

Универзиет Широк сокак - Школа за критичко  мислење- Катедра за дилеми и борбени активности
Ви ја претставува општонародната стратегија за одбрана

 

За што денес да пишувам? Боже мој, светот е побрз од мојата мисла! Тоа е навистина брзо. Има нешто ново кај мене – се „разбудив“! По сите овие години сонување, тоа е нешто револуционерно. Голем настан. Сакам да свикам прес конференција и да го објавам тоа. Да го споделам со сите. Можно ли е да сум само јас буден и гласен  тука? Возбудата не ми дава мир. Овде сите тивко зборуваат, шепотат... Ох зошто? Зарем не ни дадено да се радуваме на нашето постоење и да го славиме истото? Зошто тогаш молчиме? Каде ни е гласот, слободата на умот? Слободата на духот? Каде е  радоста?

Кој не зароби? Кој не замолчи? Се прашувам, и обично првата мисла која доаѓа е најточната - НИЕ самите.

Роб сум и јас, на самиот себе. И крвник и жртва, у херој и предавник. До кога ќе ја играме таа игра? Зборувам ли јас сам со себе или Вам? Вие сте јас, јас сум Вие! Тоа го знам.

Светот е една голема сцена на која секој ја одигрува својата улога...Ова сум го чул, одамна, но дури сега го разбирам.

Светот го разбирам како поле за бла, бла бла,...

О , Гоце! Водолијо луда! Уште го сонуваме твојот сон! Ах да, а која е мојата улога на оваа сцена? Не се прашувате ли и Вие драгички

 

Мило-клети сограѓани

која е Вашата улога во светот?

Дали сте овдека како случајност на природата или сте со некоја мисија?

Ќе оставите ли трага, име, запис, потомство, наследство, дело за славење и паметење? Или нашите траги ќе ги изгазат оние кои доаѓаат, а  заборавот ќе им биде единственото наследство кое ќе им го оставиме, како генетски запис од оние кои ги родиле? Ќе не прозиваат и колнат оние кои доаѓаат , ќе не обвинуваат нас како што ние ги обвинуваме нашите предци за она што не го направиле?

И затоа да се подготвиме за битка, да се подготвиме за бој, до последна капка... Да се наостриме кон непријателот силно, со поглед од кој застанува здивот, да ги извадиме мечевите , нека блеснат на денот, оти поголем непријател од нас самите досега сме немале. Ова е најтешката борба која со векови ја  одлагаме. Напред во бој против

 

Внатрешниот непријател

против демонот кој седи и смислува пакости во срцата наши, кој ни кажува колку сме добри, а другите не чинат, кој ни кажува колку знаеме , а другите не, кој за нашите гревови има милост, а за туѓите суд, кој ни кажува дека за нас има време, дека нема потреба да брзаме со преумување... напред против себе си, оти ние сме си најголемите душмани, поголеми од сите поробувачи... оти овој е најстрашен и ја поробува душата, единствената вечност која ја имаме.

Да не  го бараме непријателот  надвор, кога веќе го имаме во себе си...

Во борба, во борба, ве повикувам сега за слава , за вечност за победа...

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски