|
Да не знај чоек појќе дали да се смеј, или да застани и со сила да си уништи мозочни клетки (со било која метода - класична (алкохол), или алтернативна (бокс или други контактни борбени вештини или спортови), за да можи некако да преживеј и некако да го амортизира идиотското опкружување кое зема толкав замав, што по едно време се запрашваш дали е во тебе проблемот или...? Сега авторот на ова колумна ќе наброј некои нешта кои го вадат од памет, а кои како своевиден амалгам се иницијална каписла да ми пукни филмот...
Борис Пауновски од Антена 5 радиото. Видете (за луѓето кои не знаат кој е – блазе си ви!) чоеко е радио водител и сето то е во ред, ако не постоеше еден мал детал. Имено - батката има живеано неколку години во Англија (најверојатно Лондон) и откако по цели деној се има труено со програмата на bbc radio one одлучи да се врати во Македонија (и на мој личен ужас!) да го спроведи одвратното водење на радиска програма. Шо е то шо толку ме полудва? Еми вака: Прво и прво Борис Пауновски имињата на сè живо и диво ги изговара со британско-англиски акцент (како да е чистокрвен изданок од 13-то колено британска аристократска фамилија) и дури кретенот и своето име (кое, нормално, е македонско!) го изговара косата да ви се крени на глата. Натаму, толку е вљубен во сопствениот глас што некогаш (читај: стално!) не можи да застани со тресење идиотштини со „беспрекорниотниот“ британски нагласок. (Можам да го замислам со кој говор и бара супа на мајка му на ручек). Овај истиот морон, упорно, еве има веќе една година, како со најголема насмевка и неверојатно расположен ги коментира климатските промени и вели (да го парафразирам: 41 степен во центарот на Скопје – глобално затоплување 2008-ма!!! Ха, ха, ха... и така милијарда пати како да рекламира супер-забавен фестивал кој така се вика!). Ја имаше и таа чест на гостувањето на Sugarbabes во Скопје да им напрај ексклузивно интервју, а јас ја имав таа несреќа да го ислушам – кузнај оти, ама неговата глупава претенциозност делува на мене како магнет –можеби и поради професионалната деформација да пратам радио водители и, иако се ежам буквално цело време дури го слушам (не претерувам-верувајте), мора да го ислушам то шо има да го кажи – се разбира со салва од пцовки кои кузнај од кај ми идат! Чоеко го вади најдоброто од мене. Значи, овај Борис во интервјуто звучеше 30 пати побритански од Sugarbabes!!! Добро, како е можно толку да се гордеј со својата криза од идентитет и инфериорност!? На која публика тој и се обраќа? На британска или на македонска? СЕЛАНЕЦ!! Заради вакви говеда националната свест ни е на катастрофално ниско ниво. Добро, значи Борис е убедливо на прво место, а да ви илустрирам колку ми е глупав овај напис од весник го ставам на второ место со сета своја „генијалност“... читнете: Поранешната порноѕвезда Џена Џејмисон апелира дека и кучињата и мачките заслужуваат да имаат безбеден секс. Џејмисон, која се соблече за потребите на новата кампања на ПЕТА почна акција за безбеден секс и за животните под мотото Sometimes too much sex can be a bad thing. Според порно-ѕвездата, животните исто така имаат несакана бременост, а воедно се изложени и на сексуално преносливи зарази. Се' додека кучињата и мачките не почнат сами да си земаат апчиња или да носат кондоми, ние треба да им помогнеме да имаат безбеден секс, затоа треба да бидат кастрирани или подврзувани - изјави Џејмисон. Значи, да повториме: „Сè додека кучињата и мачките не почнат сами да си земаат апчиња или да носат кондоми, ние треба да им помогнеме да имаат безбеден секс, затоа треба да бидат кастрирани или подврзувани...“ Овој дел го читав еднаш, па уште еднаш, па уште еднаш и иако е супер глуп и стварно е греота чоек и да помисли да се мајтапи со интелигенцијата на вештачката плавуша (да носеле кондоми или да земале апчиња – ц ц ц!!!) - пак не можи да го заземи местото на глупио Борис.... Единствено Џена Џејмисон со глас на Борис да изјави: „Безбеден секс за кучиња и мачиња и честито глобално затоплување 2008-ма“ – е тогаш веќе првото место и е загарантирано! Листата на работи од кои пука филмо не завршува. Ќе се онади (во на баба ми речнико значи: ќе продолжи) |