Почетна --> Архива --> 170 --> КАТЕДРАЛАТА НА СВЕТИ ВИТ
КАТЕДРАЛАТА НА СВЕТИ ВИТ
Автор: Константин Петровски   

Катедралата на Св. ВитПатувања

 

Стототици луѓе трпеливо чекаат да влезат во една голема зграда. Сенката која што огромното здание ја фрла не е кој знае каква заштита од жешкото сонце во првите денови на август. Иако сите овие луѓе сакаат да влезат во

 

Најголемата и најважната

 

катедрала на една земја ретко кој од нив тоа го прави од религиозни побуди, како аџиите кои што ја посетувале во средниот век. Сите тие се туристи,  дојдени од различни страни на светот за да и се восхитуваат на Катедралата на свети Вит во Прага.

Додека стоиме во ред од по двајца-тројца, сличен на оној кога од школо не носеа на организирани дешавки, сфаќам дека близу до мене има група која што си дошла со квалификуван туристички водач. Искушението да се потприближам до нив, а со тоа да се  шверцувам и да наслушнам дел од приказната за катедралата е големо.

Постоењето на црквата е во голема мера поврзано со светецот кој што го носи името Wancelasusа пак Чесите

 

Го викаат Вацлав

Катедралата на Св. Вити го сметаат за заштитник на својата земја. Вацлав бил роден во 907 година во кралското семејство кое што владеело со тогашна Бохемија (бренд за кристал ценет од нашите мајки и предок на современата чешка држава). Неговиот дедо, Борислав, христијанството го примил од светите Кирил и Методиј. Смртта на таткото малиот Вацлав го направила причина за конфликт помеѓу неговата мајка Драгомира, која што била ќерка на еден племенски пагански главатар и неговата баба Људмила. Људмила денес е почитувана како светица и во Прага и е посветена една катедрала. Таа, исто така, била покрстена од

 

Светите Кирил и Методиј

и Вацлав го воспитувала во христијански дух.  Двете жени дошле во отворен судир во врска со грижата за Вацлав. Некои легенди сметаат дека Драгомира сакала да го внесе Вацлав во светот на паганството.

Некаде во 924 година Вацлав станал крал на Бохемија и ја испратил во прогонство својата мајка Драгомира. Владеел околу десет години. Во 935 година, неговиот помлад брат Болеслав ќе покаже кралски амбиции и ќе го убие својот брат.

Народот исткал легенда според која, Вацлав заедно со својата армија од храбри витези спие во планината Бланик, во близина Прага. Доколку некогаш на Чешка и се закани опасност, Вацлав и неговите витези ќе се разбудат и ќе се пресметаат со душманот.

Катедралата на Св. ВитВо склоп со сфаќањата на средновековната култура, поради својата насилна смрт Вацлав бил сметан за маченик. Бил канонизиран како светец, а од 2000 година, неговиот ден, 28 септември во Чешка е прогласен за државен празник.

Е сега, јас од водачот во чија што група се шверцнав  ја слушнав само приказната за неговото убиство, а другото морав сам да го ископам!

Вацлав за време на неговото владеење го поставил и христијанскиот храм во форма на ротонда посветена на свети Вит. Овој светител денес е почитуван како

 

Заштитник на актерите

забавувачите, танчерите и болните од епилепсија. Вацлав му го посветил храмот на Вит, воден од типична причина за средновековниот човек чиј што поглед на свет го определувал христијанството - имал реликвија поврзана со овој сицилијански светец. Неговото рамо го добил од светиот римски император Хенри Први. Постојат претпоставки, според кои Вацлав сакајќи што побрзо своите поданици да ги префли на христијанство, намерно го одбрал овој светец за да асоцира на старото словенското

 

Божество на Сонцето Свантевит

Катедралата на Св. ВитХрамот, во суштина им е посветена на тојца светци и нејзиното целосно име е Катедрала на свети Вит, свети Вацлав и свети Адалберт. Последниот е некогашен бискуп на Прага кој што го загубил животот во 956 година во Прусија, обидувајќи се да ги покрсти нејзините жители.

Катедралата, каква што денес ја познаваме  почнала да се гради во 1344 година, кога прашката бискупија била издигната на ниво на надбискупија. Првиот нејзин градител бил Французинот  Матијас од Арас. Кога Матијас умрел во 1352 година, неговата работа ја продолжил Петар Парлер.    

Свети Вит почнала да се гради во готски стил за подоцна на неа да почнат да се лепат  елементи на барокот и ренесансата. Финиширана е во дваесетиот век. Градена, нормално со прекини,  цели шестотини години! Катедралата ја исполнуваат  многу скулптури, мурали, фрески и на нив прикажаните сцени од библијата и моралните поуки кои што тие ги произведуваат. 

Потребни се цели фермани за да се каже по некој збор за нив. Верувам дека овој текст е доволен за еден ден самите да одите и да ги видите.

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски