Почетна --> Архива --> 170 --> ПАЈУДУШКОТО СРЕДЕ СИДНЕЈ
ПАЈУДУШКОТО СРЕДЕ СИДНЕЈ
Автор: Соња Т. Груеска   

Дијана ТрајковскиРетко се случува девојка да се заинтересира за удирачки инструменти. И тоа толку многу што ќе се реши не само да ги свири, туку и да ги изучува - Diana e prvata devojka koja na Akademijata vo Melburn go promovira{e i prezentira{e makedonskiot tapan kako edno od najgolemite nacionalni bogatstva, makedonski brend. Наскоро таа ќе биде првата жена - доктор на удирачки инструменти во Македонија. Sredno muzi~ko u~ili{te zavr{uva vo Bitola vo klasata po udira~ki instrumenti na profesorot Vangel [urbevski. Vo 2003 god. dobitnik e na Specijalnata prva nagrada od stu~noto `iri na Muzi~kata akademija vo Skopje. Neodamna na natprevarot za udira~ki instrumenti vo Sidnej, Avstralija, Diana be{e nagradena so Vtoro mesto. Taa e makedonski ambasador za koj svetot doprva }e slu{a i }e se voodu{evuva na nejziniot talent.

 

Од каде кај девојка како тебе интерес за удирачки инструменти?

Удирачките инструменти не случајно се најдоа во мојот живот. Имено, мојот татко е перкусионист, музичар кој можеби спонтано, можеби генетски, ми ја всади љубовта кон ударните инструменти. Уште како мала имав можност да се дружам со професионални музички инструменти, со микрофони, миксети, можев да слушам бенд во живо како вежба за своите настапи.

 

Основно и средно училиште заврши тука, во Битола.

Да. Средно музичко училиште завршив во Битола кај професорот Вангел Шурбевски - Чорба. Потоа заминав во Австралија каде завршив на Викторијанскиот уметнички колеџ. Во тек се моите магистерски студии кои се надевам дека ќе ги завршам за брзо време. Потоа на ред ќе бидат моите докторски студии.

 

Гледаа ли со недоверба во тебе затоа што си девојка?

Не, никогаш. Секогаш со воодушевување. Пријатно изненадени. Во странство не е никакво чудо девојка да свири на удирачки инструменти.

 

Кога кажа дома дека сакаш да студираш удирачки инструменти сигурно ја доби целосната поддршка од родителите, особено од таткото.

Моето семејство секогаш стоело зад мене. Сите знаеја дека јас ги сакам удирачките инструменти. Јас од три години знаев да свирам на тапани, што за татко ми беше посебна гордост, затоа што го продолжувам неговиот сон. Но и за мајка ми и за брат ми беше нешто нормално.

 

Дијана ТрајковскиУдирачките инструменти беа твоја определба уште веднаш кога се запиша на факултет во Австралија. Како е организирана наставата таму?

Веднаш започнав со ударните инструменти како моја главна насока - инструменталист. Имав можност уште во прва година да се запознам со сите мелодични инструменти, со маримбакс, ксилофон, вибрафон, белафон, а потоа со тимпани, а во вториот семестар повеќе внимание дадовме на оркестарските инструменти и имавме можност да свириме во школскиот симфониски оркестар. Потоа во текот на студиите се изучуваа се повеќе инструменти. Имав можност да посетувам и мастер-класови со разни светски имиња кои доаѓаа од целиот свет. Од Африка, од Тринидад и Тобаго, Кина, Јапонија, Англија, од сите меридијани. Така, имав можност да ги изучам сите фолк-инструменти од сите делови од светот. Бројот на инструменти што ги знам е навистина голема.

 

Можеме да речеме дека си експерт за сите удирачки инструменти во светот или ?

Се трудам да ги изучам. Некои од нив набавив и ги имам како лично мои. Со нив настапувам при разни прилики. Еве, ова лето африканските беа многу атрактивни при моите настапи во Охрид.

 

Знаеа ли во Австралија за она што значи македонски удирачки инструменти?

За жал нашата музика не беше доволно презентирана во мојата музичка академија. Јас со себе носев традиционален македонски тапан со кој што уште во првиот месец се запозна целата Академија. Практично ги запознав сите со Македонија, со Битола. Добија една чиста слика за земјата од која доаѓам, им го приближив она, македонското. Најинтерсно беше кога имавме концерт во ЕЈ-БИ-СИ - радиото во Мелбурн кога настапив со македонски традиционален тапан, а во позадина имав над триесеттина музичари кои свиреа на разни инструменти, африкански, латино, класични. Настапот беше во живо и се пренесуваше во целиот свет.

 

Велиш дека твоите колеги се заинтересирале за Македонија, за нашите инструменти. Дали при настапите на културно-уметничките друштва од Македонија кои доаѓаат во Австралија ги носиш на нивните концерти за да слушнат македонската музика?

Да. Тие често заедно со мене одат на сите случувања организирани од нашите луѓе во Австралија.

 

Велат дека нашата музика, посебно изворната е интересна, со необичен ритам кој веднаш привлекува внимание.

Нашата музика е навистина посебна и специфична. Интересна е балканската воопшто, но македонската има своја специфика, своја тежина и е доста мистична. Не може секој да ја анализира, да ја отсвири. Таа е едно од нашите најголеми богатства за нас. Ние, за жал, не сме свесни колку ритмика имаме. Се надевам дека во иднина ќе имаме можност да се направат состави само со удирачки инструменти, со тапани посебно, па на светот ќе му покажеме колку нашата музика е моќна, силна и вредна за изучување.

 

Токму за тоа сакав да поразговараме. На повеќе универзитети во светот има посебни катедри за изучување на македонскиот јазик. Не сум слушнала дека на некоја музичка акдемија има катедра за изучување на нашата музика.

Јас веќе си имам зацртано во план и имам разговарано на мојата академија во Австралија, со професорите. Мислам дека Алачки во САД имаа неколку мастер-класови, меѓутоа конкретно на музичките школи, како што има оддел за латино-музика, нема за македонска музика. Се надевам дека во иднина ќе се подобрат нештата и ќе се стави акцент на нашата музика бидејќи навистина имаме што да му презентираме на светот.

 

Што велат професорите?

Моите професори се апсолутно ЗА, за да биде тоа. Воодушевени се од нашата музика.

 

 

 

Дијана Трајковски

 

 

 

Што од она што значи македонска изворна музика си им презентирала? Сигурно од Македонија замина со доста аудио-материјал.

Носев со мене многу македонска музика, но и самата имам аранжирано неколку македонски дела. Со Пајдушкото и Калајџиското оро направени со мој аранжман настапив на натпревар во Сиднеј и освоив второ место на ниво на целиот континент. Имам аражирано неколку дела за ксилофон и вибрафон. Во текот на студиите бевме повеќе фокусирани на класичната музика, латино-музика, афро, џез, но секогаш на моите концерти ја вметнувам македонската музика, како шлаг на секој концерт. Секако, потоа следуваат овации.

 

До каде си со магистерскиот труд?

Првата година од постдиплосмите студии ми е завршена. Сега ми останува уште една година, па ќе следи докторат.  Во Австралија се работи според светски стандарди. Има различни видови на магистратура. Магистратура со теза и магистратура со која се усовршуваш на инструментите, се специјализираш. Мојата магистратура е специјализација на удирачки инструменти. Докторските студии ќе бидат со одредена тема. Во план ми е тоа да биде историјата на тапанот. За жал немаме никаква литература во врска со ударните инструменти во Македонија. Јас сакам да ги истражам работите околу тапанот, тарабуката, историјата на нашиот народ од Александар Македонски наваму, сплотувањето...

 

Од она што го кажуваш може да се заклучи дека си репрезент, амбасадор на македонската музика, конкретно на нашите инструменти во Австралија.

Се трудам колку можам повеќе да ја претставам Македонија на високо ниво и горда сум што моето потекло е од овде.

 

Македонските ударни инструменти одлично ги владееш. Но, што е твоја специјалност на Академијата?

 

Специјалност ми се маримба, ксилофон, вибрафон, мелодичните инструменти. Свирам и пијано. Сите тие инструменти си имаат своја специфика, некои од нив бараат техника со две палки, други со четири, со шест, осум. Секој за себе си е посебна приказна. Се трудам да ставам акцент на ксилофонот кој е еден од потешките инструменти. За него има дела кои се со пребрз ритам и се тешки за изведба, но мене посебно ми лежи на срце и мислам дека на него можам да свирам добра, квалитетна музика.

 

Колку во Македонија се познати ови инструменти?

За жал, малку. Тука владее едно правило дека удирачки инструменти се тапан, тарабука и тапани и дека удирачките инструменти се само за народна и забавна музика. Тоа размислување е трагично. Ударните инструменти ги има во сите стилови на музика и секој си има свое место, своја намена. Во сите музички правци има посебни инструменти за изведба. Не може со македонски тапан да се изведува класично дело, на пример. Но и друга работа. Во Македонија практично и ги нема овие инструменти. На Музичката академија во Скопје ги има само во еден примерок и се недостапни за позајмување доколку сакате да одржите концерт во друг град. Секако тоа е оправдано, затоа што се грижат за инструментите на кои треба да музицираат нивните студенти, да ги обучат.

 

Па на што свиреше на концертите тука во Македонија?

Свирев латино-музика со мои инструменти. Имав можност да настапам во Битола, а во Охрид бев ексклузивец на Куба либре-плажата. Наидов на прекрасна публика која, на мое изненадување, одлично ме прифати. Јас сум фасцинирана.

 

Убаво е кога ќе видиш како публиката реагира на тебе, на твојата музика.

Јас секогаш верувам во себе, во мојот талент, во музиката. Не може ништо да ме скрши на тој план. Меѓутоа имав скепса кога е во прашање Македонија зашто се уште оваа музика не е толку популаризирана на овие простори. Но наидов на одлични реакции и јас сум презадоволна и пресреќна. Тоа ми дава волја со уште поголемо темпо да работам и да и покажам на публиката што всушност се удирачките инструменти.

 

Дијана ТрајковскиУбаво што летово во Македонија разбраа за тебе, те слушаа, уживаа во музиката. Но штета е што не успеа, додека си тука, да одржиш и некаква обука, работилница, за учениците или студентите од музичките училишта, да им пренесеш дел од твоите знаења.

Тоа најверојатно ќе се случи во иднина. Јас сум отворена за таков вид соработка. Стојам на располагање. Се надевам дека инструментите ќе бидат набавени и во Битола и дека ќе имам можност да настапам пред битолската публика со инструментите кои се моја специјалност.

 

Остануваш во Австралија или се враќаш назад, во Македонија?

 

Времето ќе покаже. Можеби ќе одам во САД, можеби некаде во Европа на доусовршување. Тоа не се знае. Но сигурно ќе настапувам во концертни сали. Можеби ќе бидам професор во некое училиште, академија. Не се знае.

 

Каде се си настапувала?

Во Австралија во сите престижни сали- во Арт Центар, во Мелбурн, ЕЈ-БИ-СИ радиото, во ЕС-БИ-ЕС... Последните пет години бев дел од сите светски случувања во Мелбурн. Имав чест да настапам и на отворањето на Комонвелт игрите во 2006 година на кое присуствуваше и британската кралица Елизабета. Настапував и на затворањето пред стоилјадна публика, пред спортисти од 71 земја! Тоа беше едно големо светско случување, а јас бев единствената македонка-музичар која имаше чест да настапи и да презентира нешто наше.

 

Колку нашите во Австралија знаат за тебе? Доаѓаат ли на твоите настапи?

Имам верна публика. Неколку фамилии од Мелбурн ме следат буквално од првиот мој настап. Било да се работи за соло-настап или концерт на симфонискиот оркестар, тие секогаш доаѓаат и ја следат мојата музика. На мојот последен постдипломски концерт бевме подобро организирани и имав многу македонска публика која беше воодушевена. Тие и не беа доволно запознати со мене, но сега е поинаку. Настапував и на изложбата на стари фотографии од првите Македонци кои пристигнале во Австралија на која присуствуваше и владиката г. Петар. Значи, можеа да ме слушнат во живо неколку пати и се надевам дека и во иднина ќе бидат заедно со мене. Сакам македонската публика да биде најприсутна, зашто треба да се поддржуваме меѓусебе, да се гордееме со успесите. Имав и неколку настапи за Хуманитарната организација Надеж која собира средства за децата на кои им треба помош. Јас сум нивно музичко лице.

 

Може ли во иднина да очекуваме и ЦД со твоја музика?

Секако. Планирам да издадам албуми со преработки на традиционална македонска музика изведена на овие специфични инструменти, а потоа најпознатите класични дела кои веќе сум ги изведувала на концертите во Австралија.

 

А твои лични композиции? Те влече ли и компонирањето?

Да. Планирам да издадам и албуми со мои дела. Но, останува се да биде според времето и потребите. Работам и на материјал за историјата на удирачките инструменти, за сите посебно, па се надевам дека и тоа ќе можам да го презентирам пред јавноста.

 

Прикажи други статии од истиот автор

 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски