Почетна --> Архива --> 169 --> МАКИЈАВЕЛИСТИЧКИОТ ВЛАДЕТЕЛ
МАКИЈАВЕЛИСТИЧКИОТ ВЛАДЕТЕЛ
Автор: Марјан Вучковиќ   

Марјан Вучковиќ Стереотипноста и склоноста кон прифаќање на туѓи мислења по однос на одреден став, е одлика на луѓето со која многу често се среќаваме. Со цел, да се разбие таа невкусна навика, ќе пробам да објаснам за дел од политичкото влијание на фирентинецот Николо Макијавели (1469-1527), и неговиот придонес во развивањето на модерната политичка мисла.

Иако името на Макијавели се поврзува само со една синтагма (Целта ги оправдува средствата), пред се да кажам дека Макијавели не е автор на истата. Зошто е тоа важно да се спомене? Mногу „професионалци“ кои сакаат како втора кариера да им биде политиката, посегнуваат по најпознатото дело на Макијавели,

 

„Il Principe“

Makijaveli(Владетел) сакајќи да ги анализираат неговите идеи кои тој ги запишал, а со тоа свесно или не започнал со формирањето на модерната политичка епоха. И сè е во ред сè додека постои желба за да се разработи Макијавели. Меѓутоа, вистинската главоболка и згрозеност на квази-политичките аналитичари настанува тогаш кога ќе завршат со малата книга и гордо ќе ја прераскажуваат во занес. Она што тука е грешка е нивното незнаење за „вториот дел“ на книгата. За што станува збор?

Макијавели, покрај „Владетел“, во својот опус има и други книги кои за жал не се толку познати во јавноста и не се толку популарни, пред се поради нивниот голем обем (што не е силна страна кај повеќето читатели J ). Една од тие книги е и „Десет расправи за Тит Ливиј“. Со оваа книга, Макијавели во стварност го надградува неговото учење за владеењето! Разликата е во тоа што „Владетелот“, е така да се изразам „првиот дел“ во кој се обработува монархијата и владеењто со истата, додека во

 

„Расправи“

(или тн. „втор дел“) се зборува за управување со Републиката!

Е, точно тоа е она што на многу луѓе им е непознато и е причината поради која Макијавели постојано добива негативни класификации. Меѓутоа, и покрај ваквиот тек на настаните, никој од Академските кругови (МАНУ на пример) не се заинтересира да ја преведе „Расправи“ на македонски јазик, со што иако многу пообемна од „Владетел“ сепак би била подостапна за читање. Покрај тоа што не е преведена, оваа книга може да се најде само во тесно-политичките академски кругови (и тоа кај луѓе кои професионално се занимаваат со политиката, те. во нивните лични библиотеки). Овај факт е причина повеќе која треба да не размрда, да се заложиме за она што се нарекува професионален превод на книга. Со самата таа инвестиција, која и не е многуцифрена во пари, ќе се развие видикот на сите оние кои се заинтересирани за правилно проучување на текстовите на Макијавели.

Бенефициите од правилното учење на Макијавелистичките теории се огромни -  се прават огромни грешки уште во средното образование, каде Макијавели е прикажан како човек кој безгрижно убива, во политички цели. При ваквата конотација, воопшто не се размислува на фактот дека „Цело е кога има сè!“.

Па така она што Макијавели сака да го образложи е правилното владеење со републиката! Меѓутоа, за да стигнете до републиката, мора пред се да го создадете редот во државата, да го оставите зад себе

 

Хаосот на анархијата

Токму тој преоден период од анархија во структурно уредена република се нарекува монархија. Според Макијавели, само монархијата (внимание: Тиранијата е опозит на Монархијата!!!), значи само доброто и квалитетно владеење на поединецот ќе ја смири анархијата и ќе го отстрани нередот, отварајќи пат за републиката. Тоа е она што Макијавели се обидува да го каже во своите две дела „Владетел“ и „Расправи“. Меѓутоа, „Владетел“ е дело од околу сто страници кое може да го најдете во сите книжарници за цена од сто денари. А, само за споредба, „Расправи“, која има окoлу двеста и педесет страници, не само што ја нема на македонски јазик, но воопшто ја нема ни во институциите од ранг на универзитетските библиотеки, па дури ни во библиотеката на МАНУ, институција која е главната артерија во  академскиот свет.

 

Грешките

постојано се прават. Но, добро е да признаеме кога грешиме и се разбира да ја исправиме таа грешка. Така, на сите оние кои што ја прочитале само „Владетел“ им советувам да ја исправат својата грешка и да се потрудат да ја прочитаат и „Расправи“, со што ќе придонесат за лично задоволување на сопствените книжевно-политички апетити, но и ќе имаат во вид една целост која ќе помогне во формирање на нивното правилно политичко анализирање. Но, исправање на грешката треба да направат и сите политички функционери кои што неправилно се служеа со теориите на Макијавели!!!

Само така можеме да стигнеме до едно вистинско квалитетно политичко општество и да се ослободиме од она што него го нагризува. Ќе завршам со зборовите на големиот политички теоретичар и основоположник на модерната политичка епоха, Макијавели:

„Желбата да се освои нешто е сосема природна и обична работа; и секогаш кога тоа го прават луѓе кои можат да успеат во тоа, ќе бидат фалени, или барем нема да бидат кудени; но, кога не можат да го направат тоа, а копнеат по секоја цена, во тоа треба да се види грешка која бара прекор.“

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски