Почетна --> Архива --> 169 --> НА ВТОРИОТ, ОДНАЗАД!
НА ВТОРИОТ, ОДНАЗАД!
Автор: ZZ   

ЗајачеМакедонија мора да направи отстапка во делот на меѓународната употреба на името, имајќи ја предвид тешката економска состојба во државата, како и извесното заострување на изолацијата однадвор, а особено од страна на Грција и нејзините поддржувачи. Не е патриот оној што во ова време ги отвора егејското и прашањето за црквата, туку оној што ќе им обезбеди достоинствен живот на граѓаните.

Луѓе божи, и Заев се смеша во дисусијата за името на државата!

Истиот оној, помилуваниот!

Во одредена смисла и го разбирам. Мора да биде  верен ко пес на шефот, од рака да му јаде.

Туку, потслушнувам нешто дека подготвувал бичим проект, со личен пример да покаже дека прекрстувањето не е толку страшна работа.

Оди тој кај Бране, велат упатените, и му вели, прецедателе, јас од денес сум Зајаков. Кога можеше пред осум години тогашниот pratenikot na VMRO-DPMNE, Xulistana Markovska, да се прекрсти и да стане рисјанка и тоа во Мртво Море, (и пази сеа, ја прекрсти највисокиот crkoven vrv na MPC), можам и јас од Заев да станам Зајаков. Плус то, прецедателе, во многу тешка економска ситуација сум, вели досегашниот Заев.

Прецедатело, нормално, благородна душа, гревлија, дал изим, со една забелешка, оти Зајаков многу на исток му мириса, па му сугерирал да биде Зајаковски. Уште па ако акцентот се стави на вториот слог отпозади, тогаш дури и симпатично ќе звучи, на полски некако ќе мава, вели прецедатело.

Со еден удар, две муви - ем Зајаковски ќе поработи ко зечица и ќе излезе од тешката економска состојба во која беше втурнат со денгубење во притворот, ем ќе даде личен пример дека мењавање име не е страшна работа, особено ако акцентот се става отпозади, на вториот слог.

 

Прикажи други статии од истиот автор

 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски