Почетна --> Архива --> 168 --> Ах да, заборавив, и јас сум Зоран Заев
Ах да, заборавив, и јас сум Зоран Заев
Автор: Радов... Пардон - И јас сум Зоран Заев   

И јас сум Зоран ЗаевЧитам и не можам да верувам - едно врвно новинарско перо, очигледно  (не)излезено од партиски шинел, во колумна во дневен весник  иронизира со писмата на премиерот во врска со името, положбата на македонското малцинство во Грција, признавањето на МПЦ... Вели, Заборавив г-не Нимиц, и Солун е наш! Кој како ги чувствува и Солун, и името, и другите национални симболи, негова работа, но не можам да поверувам дека заради меѓупартиската закрвавеност некои интелектуалци можат толку ниско да паднат, па да се мајтапат со идеали  за кои гинеле генерации. Само да го потсетам агилниот коментатор, кој слепо покорен ко пес на својот господар, заборави дека - и Зоран е нивен!

Човече, веста е бајата, ама настанот не е за заборавање: Притвореникот Зоран Заев излезе од ќумез само заради партиска припадност!

Такво иронизирање од страна на претседател на држава надминува било какво друго иронизирање па и од (нај)врвно новинарско перо!

 

Го гледам на ТВ претседателот, вратен од одмор... јавноста очекува да даде објаснување за некои негови потези. Чоеко, ни пет ни шест - ни плесна в лице, па вели: Не е важно што јас сум направил, туку побитно е зошто никој друг ништо не направил! Па такво бравурозно менување на тези и бегање на друг терен не сум видел уште од 1944 кога сиџим-пушка партизаните ѓоа нападнале германска колона на Дервен, ама откако Германците возвратиле, нашиве јунаци, кој со опинци, кој бос, за миг се нашле во Брајчино, преку планина!

Ќарот од тоа негово историско обраќање е само во едно - во Бранко откривме нови димензии:

Како прво и прво: Врвен филозоф кој одговарајќи на прашањата, ја остави  јавноста тотално збунета која дури и заборави што прашала!

Како второ и второ: Врвен дипломат кој четири пати ќе размисли пред ништо да не каже!

Е сеа, знам дека ако биде притиснат ќе се снајде, зашто Бранко во ракавот држи еден куп оправдувања зошто го помилувал Заев:

Како прво (поточно - како прво и прво): Шо ќе му е државата, ако ја изгуби партијата;

Како второ и второ: Тој и онака го признава само судот на (лично) неговата партија;

Како трето и трето: Тој го разбира притворот како поле за душмански натпревар меѓу партиите;

Како четврто и четврто: Нека не му се праат фаци овие од власта - денес е полесно чоек за затвориш, отколку да го отвориш; (Тука стопосто лежи неговата вродена дарба за психоанализа).

 

Просто, сега не можам да го препознам Бранкота Црвенковски од онаа 1997 кога рече дека ќе го фати октоподот!

 

Или овој Бранко не е Бранко, или пак Соња Николовска се роди едно десеттина години порано?!

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски