Почетна --> Архива --> 167 --> Шуто и Рогато
Шуто и Рогато
Автор: Нелсон Мендела   

Мендела            Европската Унија, преку првиот свој човек, Баросо, се изјасни за ненадлежна околу спорот што го имаме со Грција, со името и со правата на Македонците, некогашни граѓани на Грција кои таа ги протерала, им ги одзела државјанствата и имотите.

            Не верувам дека Баросо не ја прочтал Европската конвенција за заштита на човековите права и основни вредности, зашто не се работи за којзнае колку обемен документ. Исто така, сигурно човекот не е толку шут, а и да е, сигурно не се толку шути неговите советници кои во секој случај, може со моливче да му ги потцртаат најсуштинските делови од споменатата Конвенција, пред овој да одоговори на писанието од жална Македонија, пишувано од премиерот Груевски.         Меѓутоа, ако навистина се толкави шутраци, еве, ЕГО ќе го земе моливчето и за нив ќе потцрта некои делови од Конвенцијата (и Протоколите кои се составен дел од неа):

            Член 14: Правата и слободите предвидени со Конвенцијата се осигуруваат без дискриминација по било кој основ, како што се пол, раса, боја на кожа, јазик, вероисповест, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, во врска со припадност на национално малцинство, имотна состојба, по раѓање или друг статус.

            Натаму, Првиот протокол од Конвенцијата вели: "Секое физичко или правно лице има право на непречено уживање на сопствениот имот. Никој не може да биде лишен од сопствениот имот, освен заради јавен интерес и под услови предвидени со закон и општите начела од меѓународното право..."

            Протоколот бр. 4 предвидува забрана за протерување на сопствените државјани: "Никој не може да биде протеран, поединечно или колективно, од територијата чиј е државјанин..."

            Можеби пак ние овде сме шутраци што веруваме во она што е напишано и преземено како обврска од сите држави-потписнички на Конвенцијата, што веруваме во право и правда, зашто таму некои други шутраци, знаат дека во светот владеат силата и интересите. Силата на Баросо произлегува од неговата позиција, а тој ја најави заинтересираноста да остане уште еден мандат на позицијата на чело на ЕУ-Комисијата. Заради тоа, за негов интерес му требаат гласовите од што повеќе членки на Унијата, меѓу кои и на Грција.

            Интересот е над се, а за конвенции, декларации и човечки правдини, нека му думаат други.

 

Прикажи други статии од истиот автор

 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски