Почетна --> Архива --> 167 --> ПТИЧЈИ ГРИП
ПТИЧЈИ ГРИП
Автор: Д-р Јуксел Сулејмани   
Д-р Јуксел Сулејмани

H5N1 повеќе звучи како пин-код за некоја платежна каричка, но овие четири симболи во 2003 година посеаја доволно паника низ целиот свет, а живинарството беше на самиот раб на банкроството. Птичјиот грип е болест на птиците која е предизвикана од influenza А вирус, многу сличен на вирусот на грипот кој се јавува кај човекот. Резервоар на оваа болест се дивите водени птици, кај кои ретко се јавуваат симптоми на болеста но со своите миграции ја шират заразата на домашната живина и другите птици, неотпорни на овој тип вирус. Први појави на масовно заболување и угинување на живината е забележено во Италија во 1878 година со 100% угинување на живината .

Болеста се шири со директен контакт со заболената птица, или со контакт со изметот на заболената птица во кој се наоѓаат вирусите. Не е докажана можност за пренос на вирусот од човек на човек Постојат повеке субтипови H и субтипови N на овој вирус, но комбинацијата H5N1 е тој што во 2003 година доведе до смрт на 150 милиони птици и појава на болест во ист период воголем број на држави. Сега појавата на овој вирус се смета за ендемска, односно локална и тоа во Камбоџа, Кина и Тајланд. Но Светската здравствена организација сепак од максималните 6 степени на претпазливост кон заразните болести опасни за целото човечко население, кога е во прашање птичјиот грип се уште го води на третиот степен.

Во 20 век се познати 4 пандемии (епидемии раширени на целата планета) на грип. Сите тие беа предизвикани од вирусот на човечкиот грип. Тоа беа епидемиите во 1918, 1957, 1968 и 1977 година. Во 1918 година починале околу 50 милиони луѓе во рок од две години. За епидемиите во 1957 и 1968 година се знае дека настанале од вируси на човечки грип, чии првобитен вирус се променал при размена на генетски материјал со вируси на птичјиот грип.

Опасноста за човекот за заболување директно од вирусот на причјиот грип е релативно мала и скоро сите заболени биле во директен контакт со заболена живина. Држењето на живина во Азија, каде голем процент од населението, поради сиромаштија, ја чува живината во истиот простор каде и живее, допринесе за појава болеста најчесто кај луѓето од овој дел од светот. Од 2003 година до почеткот на оваа се регистрирани 267 потврдени случаи на птијиот грип кај луѓе, од кои 161 починале. Ако се споредат овие бројки со 1.4 милони смртни случаи од човеки грип годи шно, на светско ниво, ќе се види дека бројот на заразени и починати луѓе од H5N1 е многу мал. Па од каде е тој трет степ на алармираност во Светската здравствена организација?

За да настане пандемија потребно е: Вирусот да може да ги зарази луѓето, да предивика сериозни здравствени потешкотии кај луѓето и да се шири од човек на човек со директен контакт. Поради сличноста на вирусите кои предизвикуваат грип кај човекот и птиците, доволно е кај ист човек овие два вируси да се најдат во клетка и да настане размена на генетски материјал. Доволно е во таа размена, вирусот да ја стекне способноста на човечкиот вирус  да се шири од човек на човек. Ако тоа се случи со денешните можности за брзо преминување на илјадници километри во еден ден и тоа од континент на континент, може да се очекува вирусот да се прошири со рекордна брзина низ целиот свет. За производство на вистинска  вакцина против овој грип, ќе бидат потребни најмалку неколку месеци. Вакцини и лекови против вируси ќе нема довоно и ќе ги има само во богатите и развиени земји. Ќе нема доволно место во болниците ниту пак доволно медицински персонал да им се помогне на сите заболени. Поради вонредните мерки ова ќе се одрази на светската економија, политичката стабилност и ќе доведе до пероид на рецесија и нестабилност на светско ниво. Се предвидува падемијата да трае 8 недели и 250 милиони луѓе починат од оваа болест!

Овие предвидувања можеби звучат претерано и нереално но тоа се предвидувањата баш на Обединетите нации и Светската здравствена организација. Мислам дека е во прашање е само време кога оваа пандемија ќе ни се случи и се надевам дека сепак човечката раса дотогаш доволно ќе се продготви (вакцини, лекови, солидарност кон сиромашните) последиците да бидат многу помали од предвидувањата на водечките експерти во оваа област. Господ да ни е напомош ако тоа се случи во блиска иднина!

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски