Почетна --> Архива --> 167 --> Гласноговорникот на Хитлер
Гласноговорникот на Хитлер
Автор: Марјан Вучковиќ   

Марјан Вучковиќ „Оние кои што мислат на минатото гледаат кон земјата, а оние кои што мислат на иднината гледаат кон небото“ (Аристотел)

Големата популарност која Хитлер ја достигна после својата смрт секако се должи на неговите непопуларни постапки за уништување на Евреите. Меѓутоа, како Aвстриецот Адолф Хитлер успеа да ја совлада Германија и да го донесе во заблуда германскиот народ, за да добие целосна поддршка во извршувањето на неговите злодела?

Како и сите политички функционери денес, така и Хитлер имал свои советници и помошници во извршувањето на премиерската функција. Покрај Химлер и Рибентроп кои се попознати за пошироката јавност и се дел од наставниот материјал по предметот Историја, постои една личност која не е позната во јавноста, а сепак имала големо влијание врз публицитетот и довербата која Хитлер ја добивал од граѓаните на Германија. Имено, станува збор за тн. портпарол на Адолф Хитлер, Јозеф Паул Гебелс! Ова име иако веднаш се поврзува со негативни спомени од нацистичкиот период, сепак во себе крие еден голем политички изумител кој открил методи во политиката кои денес нашироко се применуваат од сите политичари во светот, но, и од македонските политички функционери.

Запознавајќи се со ликот на Гебелс во стварност ќе стигнеме поблиску до методите кои нашите политичари ги користат во својата работа. Имено, Гебелс е неуморен култивиран агитатор кој го наметнува митот за Хитлер, во Германија, но и надвор од неа.  „Мал доктор“, „куц ѓавол“, „зол демон“, тоа се само дел од епитетите што Гебелс ги добива од своите современици. Според она што го имам прочитано од „Политичките говори“ на Гебелс, можам да кажам дека тој е виртуоз во комуникацијата со медиумите и граѓанските собири. Размислувајќи како да успее да го зголеми влијанието на говорите на Хитлер, Гебелс доаѓа до блескава  идеја - сите говори што ги држи Хитлер да бидат непосредни и јавни, Хитлер да се обраќа директно пред германската нација. Меѓутоа затекнат од проблемот со недостиг на време, Гебелс во политичкиот репертоар ги внесува пропагандните посети со авион, што овозможило Хитлер да може да држи и по неколку говори во различни делови на Германија во ист ден. Но, Гебелс своите идеи не ги запира тука. Сфаќајќи го значењето на радиото и директното емитување, тој во политиката го внесува и тој сегмент, емитување на говорите на Хитлер на радио и масовна покриеност на Фирерот и неговите зборови до нацијата.  Заради успехот во тоа, Гебелс набргу го зазема приматот и застанува на чело на министерството за просвета и пропаганда, недозволувајќи ни една информација да помине непроверена од него. Основоположникот на професијата портпарол, Гебелс, пишува свои говори во чест на родендените на Фирерот, но и во ситуации кога Германија е силно критикувана од останатите држави, храбро бранејќи ја со својата виртуозна способност за говор.

Она што и денес може да се види е се поголемата употреба на медиумите во политички цели, поделбата на медиумите на политички блокови и се разбира најважното, митинзите и јавните собири кои политичарите ги држат искажувајќи ја својата блискост и приврзаност со народот (додека не седнат во фотелјата). За жал, денес речиси и да нема квалитетни советници за односи со јавност кои ќе внесат и своја техника во изложувањето на информациите. Денешните портпароли се сведуваат на поединци кои се го читаат она што го напишал нивниот претпоставен, немајќи храброст притоа да застанат пред микрофонот и смело и спокојно да ги изложуваат и најболните прашања на светската јавност, онакака како што тоа го правеше Гебелс. Не би сакал да бидам погрешно сфатен. Во ниеден момент не искажувам величење на ликот на Гебелс. Единствено правам компарација помеѓу основачот на функцијата портпарол и денешните „портпароли“ кои се далеку од она што навистина треба да биде нивна задача.

Во последно време, некои од приватните универзитети ја сфатија суштината на оваа (мора да признаеме) политичка функција, па, во склоп на своите универзитети отворија катедри за студенти кои ќе дипломираат на оваа професија. Ја поздравувам идејата за ваквата иницијатива и искрено се надевам дека ќе вроди со успех. А, за да вроди со успех, потребно е и испитување на минатото, и следење на примерот на оние што успеале во таа област. Гебелс за жал успехот во својата професија го достигна, постигнувајќи неуспех за светот, користејќи ги своите брилјнтни идеи во негативни цели. Меѓутоа за да бидеме успешни, како држава и успешни во креирањето на политиката, доволно е тие методи да ги искористиме во позитивни цели, со што ќе го постигнеме вистинскиот ефект и конечно ќе се здобиеме со квалитетни портпароли, функција која е парче од колачот наречен политика.

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски