Билдерберг 2008
Од 5 - 8 јуни годинава, како и секогаш во минатите 56 години досега - под превезот на тајноста - се одржа редовниот собир на Билдерберг-групата. Тајното друштво овојпат во состав од 225 сегашни и идни светски лидери, се собра во хотелот Вестфилдс Мероит во Чентили, Вирџинија, САД. Меѓу нив беа Карл Билт, Јошка Фишер, Ричард Холбрук, Јап де Хоп Шефер, Хенри Кисинџер, потпретседателот на ФИАТ, Џон Елкан, холандската кралица Беатрис, Кондолица Рајс, Девид Рокфелер... На состанокот се проврти и Барак Обама што се толкува како сигурен знак дека тој ќе победи на американските претседателски избори. Иако имињата на присутните горе-долу се знаат, темите за кои дискутирале остануваат тајна, но... се претпоставува дека се зборувало за сајбер-тероризмот, можната војна со Иран, за изборите во Русија, Балканот... Сериозни биле грижите, велат светските медиуми, заради тоа што Балканот се уште не може да се смири, најмногу заради нестабилноста што ја предизвикува Србија, така што во наредните десет-единаесет месеци треба да се очекува примена на сите можни средства нашиот северен сосед да се врзи за скутот на Западот и да се оддели од руското влијание. За независноста на Косово на Србија ќе и се фрли коска, те. финансиски ќе се награди со нејзино приближување кон ЕУ. Апсењето на Караџиќ може да се гледа во тој контекст. Билдерберзите до неодамна беа Скроз тајно друштво. Сите вести за нив се сведуваа на непроверени гласини, така што дури и нивното постоеење беше дискутабилно. Во 1998 за прв пат е направена фотка од влегувањето на учесниците во еден луксузен хотел во Шкотска и оттогаш Билдерберг-групата призна за нејзиното постоење. Основана е во 1954 во истимениот хотел (според кој и го носи името) во Холандија. И денес седиштето на Билдерберг е во Холандија, во Лајден. За иницијатор на формирањето се смета Џозеф Ретинџер за кого се претпоставува дека бил агент на Ватикан, но со сигурност се знае дека можел телефонски да закаже средба со американските претседатели. Билдерберзите немаат веб-страна, а на телефонскиот број одговара автоматска секретарка. Според извештајот од 1964 на САД-сенаторот Јакоб Џавитс, депониран во Конгресната библиотека на САД, овој тогаш повремен член на Билдерберг, ќе запише: "Земјите на Западот во текот на Студената војна имаа потреба да се заштитат од комунистичката опасност. Оваа соработка се фокусираше на клучната цел - да се обезбеди САД, Канада и Западна Европа да ја задржат глобалната контрола врз остатокот од светот". Првиот состанок на Билдерберг во мај 1954 беше раководен од принцот Бернард, поранешен СС-офицер кој се вдоми во холандското кралско семејство. Воедно, тој стана и првиот претседател на Билдерберг, на чие чело остана до 1976, цели 22 години! За таа улога го подготви колосалниот финансики магнат и владетел во сенка, лордот Виктор Ротшилд. Како што Давид Рокфелер ги влечеше конците од Америка, така Ротшилд работеше со европските збиднувања. Во јавноста сега се знаат имињата на Водачите на Билдерберг. Една третина од нив произлегува од крдото политичари, а другите се од редовите на индустријалците, банкарите, од секторот за образование и комуникации. Избраните се смешани во чудното друштво заради нивните способности, знаење, позицијата и искуството. Се состануваат тајно секоја година на башка локација, на едно три-четири дена. Се смета дека во тие денови на едно место се купче собрани најмоќните луѓе на светот, оние кои ја контролираат светската економија со индиректни политички средства. Билдерберг-групата има Постојан комитет од 39 лица кои не се избираат, туку се поставуваат. Тие се јадрото на групата. Тие ги носат одлуките. Тие решаваат се! Имаат и задача - тоа што ќе го решат, да им го пренесат на лицата (осум-деведесеттина) кои катагодина ги собираат на редовен состанок. Единствен од Билдерберзите кој на некој начин е поблиску присутен на македонско тло, е турскиот магнат Мустафа Коч кој досега пет пати (од 2004 па наваму) е присутен на овие тајни средби. Во Постојаниот комитет на Билдерберг се лордот Карингтон, Џовани Ањели од ФИАТ, Рокфелер, Кисинџер и др. Затоа и ги нарекуваат Невидливата светска влада. За поклониците на Теоријата на заговор Билдербезите се поцрни од ѓавол, но тоа не го менува фактот дека од нивните одлуки зависи дали нафтата ќе рипне на 200 долари за барел, дали ќе има војна во Иран, дали Обама ќе и го сврти грбот на Македонија... Кога сме веќе кај тоа, досега не е забележан ниту еден Македонец кој учествувал на митинг (мислам на средба а не на оние видови митинзи на пр. за ТАТ) на Билдерберг-групата. За разлика од тоа, Грците се редовно застапени со по неколкумина. Годинава во Вирџинија беа: Ана Дијамантопулу, актуелен пратеник во грчкиот парламент од редовите на опозициониот ПАСОК, бивш ЕУ-комисионер од времето на Романо Проди, единствена од Грциве која не е од Атина (родена е во Кожани) и досега на средбите на Билдерберг присуствувала во 2004, 2005 и сега, 2008; Јорго Алогоскуфис, министер за економија и финансии кој од 2005 до сега 4 пати бил на состаноците на групата; Алексис Папахелас, новинар-уредник од "Катимерини" кој на состанок со братијата од Билдерберг беше и во 2002; Димитрис Папалексопулос, директор во "Титан-цемент" кој е воено и газда на скопската цементарница УСЈЕ. Внимавајте кој и што од овие четворицата зборува, што прави. Нивните дејанија се плод на задачите што ги добија пред едно два месеци на средбата на Билдерберг-групата.
|