Почетна --> Архива --> 166 --> САЛМОНЕЛОЗА
САЛМОНЕЛОЗА
Автор: Д-р Јуксел Сулејмани   

Д-р Јуксел СулејманиСо почетокот на летото нагло се зголемува бројот на пациенти кои се трујат од конзумирање на храна контаминирана со бактеријата салмонела. За прв пат е откриена во Германија во 1885 година после труење на луѓе кои конзумирале коњско месо Таа бактерија добила име Salmonella enteritidis и од тогаш се откриени 2200 типови на оваа бактерија!

Најчесто кај луѓето проблем прават S. enteritidis, S. typhimurium i S. wirchov. Тоа се бактерии кои паразитираат во дигестивниот тракт на домашните животни. Главен извор на салмонезола се домашните животни (крава, свиња, овца) , домашната живина (кокошки, пајки, гуски и мисирки), домашните миленици (мачка, куче, гулаб), глодарите кои живеат во урбаните средини (глувци и стаори) и луѓето кои ја преболеле болеста, но се уште ја излачуваат оваа бактерија. Заразените животни салмонелата ја излачуваат преку изметот и своите секрети и екскрети, преку млекото, а живината преку јајцата. Во надворешна средина салмонелата е многу отпорна и на ниски и на високи температури (до 80 степени), а во собна прашина може да издржи и до 80 дена.

За човекот се најопасни оние салмонели кои паразитираат во домашните животни. Човекот најчесто се заразува со консумација на месо и месни преработки, млеко и млечни преработки добиени од заразени животни, преку јајца од заразена живина. Голема улога во преносот на салмонелозата играат глодарите, кои со својот измет можат да ги заразат прехрабените производи. Како битен извор на заразата може да бидат и луѓето заболени од салмонелоза, кои работат со прехрабени продукти, во рестораните, или сендвичарите и се во допир со храната. И зеленчукот може да биде извор на зараза ако се корити недоволно измиено бидејќи многу често, барем кај нас, се користи фекална вода за наводнување на бавчите.

До појава на заболување кај човекот може да доведе само голем број на бактерии, кои во организмот многу брзо се размножуваат, па за неколку саати од 100 внесени бактерии, нивниот број се зголемува до неколку милиони. Најчесто изворот на заразата кај луѓето се кремовите на колачите или мајонезот, кои се прават од јајца заразени со салмонела. На второ место се преработки од месо, најчесто меленото месо, кое подолго време било на собна температура, или со него манипулирало лице кое е носител на салмонела.

До појавата на први симптоми може да поминат само 6 до 36 саати. Се јавува главоболка, треска, мачнина, повраќање и пролив. Телесната температура е покачена до 40 степени! Честите повраќања и проливи доведуват брзо до истоштување на организмот. Салмонелозата се лечи симптоматски, со надоместување на течности. Опасноста лежи кога малечки деца или постари лица ќе заболат од салмонелоза и тие случаи знаат да завршат трагично.

Салмонелозата се јавува секаде низ светот, па и во најразвиените земји. Во превенцијата од салмонелоза најбитно е производите од заболените животни да не стигнат на човеката трпеза и при манипулацијата со месото, да се придржува до сите хигиенски прописи. Како поединци - прехрамбените продукти треба да ги купуваме од проверени производители, во проверени продавници, каде што тие се чуваат на прописен начин;  Да се избегнуваат непроверени ресторани или сендвичари кои сами приготвуваат мајонез или мелено месо. Дома - што е можно пократко прехрамбените продукти, кои се расипуваат, да ги држиме надвор од фрижидерот; Да се избегнува употреба на јадења или слатки каде се користат сурови јајца; Зготвените јадења да бидат најдолго 2 часа на собна температура, а при затоплување на јадењата од фрижидер да се користи температура повисока од 80 степени.

 
 

Постара Архива

adrialab

ГП Пелистер