|
Утрото е попаметно од ноќта. Не би сакала да делувам лицемерно или егоистично за да кажувам јас што би било кога би било. Дилемите од тој тип им ги оставам на бадијалџиите кои очигледно немајќи што да прават се обидуваат на народот да му продаваат ветар во магла. Сместени во удобните фотелји заборавиле дека за да се биде политичар е потребно и нешто повеќе од завет на молчење или долг јазик, потребен е памет. Што би рекле старите - кога дојде умот си отиде кумот. Со изгубен политички компас за се ќе им биде виновен некој друг. Доказ за тоа е довчерашната и сегашна опозиција на која во секој миг некој и е виновен за сопствените неуспеси и тоа почнувајќи од позицијата која за се е виновна!
Факт е дека времето немилосрдно си тече и доколку не ја пратиме брзината на неговиот тек сме ја испуштиле по вода уште едната шанса на возот наречен желба како за НАТО така и за ЕУ која толку силно посакуваме да се преточи во реалност, ова е проблематика на која сакам да и се посветам целосно, а акцентот во текстот ќе го ставам на новата Влада и топ веста ослободителната пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и неправдата нанесена на херојот Тарчуловски. Иако многумина во последно време кога се споменуваат вакви скокотливи теми како да сакаат да се сокријат па кога би можеле и во глувчји дупки, но дури таму ќе ги стигне правдата во тоа можат комплетно да бидет сигурни. Таков жар во очите и насмевки одамна не сум ги видела кај луѓето како на десети јули, со исклучок на оној дел кој одамна дури и заборавил како изгледа да се одигра една ролја на излив на среќни емоции во чинот наречен политичка глупост, ако не друго барем за оние кои ги гледаат пред малите екрани кои дале по некој глас за нив. Искрено ми е жал но не многу за таквите политички несреќници кои животот го поминуваат зачмаени во сопствените светотови водени со идејата разделување наместо обединување. За среќа во новото време важат нови правила така што она раздели па владеј станува се повеќе ветво а тоа што е ветво познато е каде и како завршува. Во врска со пресудите на Хашкиот трибунал не би можела да кажам ништо повеќе освен една голема лакрдија со среќно-тажен епилог. Се она што е вештачко создадено краток му е векот на траење само што остава погубни последици. Така и Хашкиот трибунал, за кратко време ќе биде затворен а од него ќе остане само тажното сеќавање на судбините на многумината неправедно осудени како Јохан кој ја сноси целата одговорност за она што до вчера за странската јавност и дел од нашата политичка и интелектуална фела и не беше воен конфликт. ЕУРЕКА! После седум години од војната да ни соопштат дека нашата заблуда се покажа точна сме имале воен конфликт. Зарем може да се нарече суд онаа ѕидина во Хаг во која нема ниту „п“ од правда во која притворот трае по четири години, се суди по англо-саксонското право што е исклучок за земјите од поранешните ју простори како и за поголем дел од земјите во светот, лицата кои се невини не добиваат никаква оштета за времето поминато таму. Сега, кога нашиот Љубе е слободен се е поинаку сликата за случувањата од 2001 ќе започне да се избиструва и да не заврше со некој пр. септемвриски договор во кој содржината од претходните два ќе биде видо изменета и конечно ќе се смират страстите и секој ќе го добие заслуженото ни помалку ни повеќе. Знам дека ќе биде тешко но зарем ние Македонците сме добиле нешто без борба, низ нашите вени тече победничка крв за што говорат имињата на Филип, Александар, Гоце, Ченто, Бошковски, нема откажување зошто Македонија е земја која може, знае, умее и на светот му покажа како се брани својата земја чесно и достоинствено, така и вината за која се осудува Јохан ќе се докаже дека е една голема лага зад која сакаат да се скријат голем број на злосторници. Во врска со втората скокотлива тема коалицијата помеѓу довчерашните лути непријатели ВМРО ДПМНЕ и ДУИ би ги замолила сите малку да ги оладат вжештените глави. Зарем народот го зафатила амнезија или е со парцијална меморија па заборави на фотографијата во која потпишуваат заеднички договор за соработка лидерите на двете албански партии во време на војната 2001 година? Зарем забораваме на фамозните барања на довчерашниот албански партнер во владата, народе немој да дозволиш да те заведуваат оние кои само до пред шест години во очи ја лажеа македонската јавност дека дури ни на сон и на крај памет им е да коалицираат со партија каква што е ДУИ а тоа го сторија во неполни дваесет и четири часа од добивањето на мандатот! Политиката се темели на компроис и камо среќа до сега да беше така. Кога една од најзачестените појави стана бракот од интерес што има чудно во еден политички брак од интерес тоа беше случај и со НСДП па видовме каков беше епилогот од таквиот брак. Политиката се темели на разумот, а не на срцето. За крај, БРАВО за Владата за отворањето на новите факултети ширум Македонија, три пати ура за донесениот закон за стечајци, се докажа дека преродбата не се темели на лажни ветувања, десетка за работата на Општина Битола и г-динот градоначалник Талески за поволната оценка дадена од страна на Светската Банка за Битола општина со најповолни услови за инвестирање на просторот на Југоисточна Европа и се разбира веста за министерското место за одбрана на Зоран Коњановски. Потребни се сериозни личности кои се докажани во својата работа и овој пат ќе го повторат успехот во својата работа токму затоа не е случаен изборот од страна на старо-новиот мандатар Груевски за НАТО конечно широко да ги отвори вратите за најзслужната земја од Јадранската тројка. TO BE OR NOT TO BE, Maкедонија одлучи TO BE! |