Почетна --> Архива --> 166 --> МАЈМУНОСФЕРА
МАЈМУНОСФЕРА
Автор: Мики има вошки   

Мики има вошки1. Пред два милиони години на некои мајмуни им станало досадно да се бесат по гранки и почнале да шетат по полињата. Едни се изгубиле и заскитале подалеку од родната им шума. Биле приморани да соработуваат меѓусебно и тоа не по хиерархија туку по хоризонтала, зашто од ловот на еден мајмун зависеле и другите мајмуни. Мора да има тука респект меѓу мајмуните, затоа што не се знае кој мајмун ќе се врати со јадење, а кога ловат групно, не се знае на која страна ќе прелета фазанот!

Едни Англичани направиле студија и дошле до заклучок дека големината на мајмунскиот мозок зависи од бројот на релациите во мајмунската група. Според големината на мозочната маса, мајмуните се собираат во групи од околу 50, додека за хоминоидните мајмуни таа бројка е околу 150. Тоа значи дека денешните мајмуни можат да развијат блиски односи  (пријатели, фамилија, роднини, или односи на емпатија и соработка) со околу 150 денешни мајмуни. Сето друго е вон мајмуносферата. Затоа денес кога ќе загинат 50 души во Ирак, или пак автобус пропаднал во провалија на Хималаите, немате личен однос кон таа трагедија. Може да кажете жал ми е или нешто слично, но ја нема во вас болката како при смрт на некој роднина или пријател.

Еволуциската брусилка го брусела денешниот хомоиден мајмун милиони години, но останал факт од кој нема бегање: 150 Мајмуни! И толку! Еве ви уште еден пример. Возите по улица и некој влетува со макази пред вас. Отворате џам и викате: "Мајмун еден, глеј кај возиш .... да ти ...." и ја редиш цела негова мајмуносфера.

 

2. Пред стотина години некои мајмуни од Балканот избегаа од кафезот на султанот. И почнаа да соработуваат, но не по вертикала, туку по хоризонтала, зашто од ловот на еден мајмун зависеа сите други мајмуни. Мораше едни со други да се респектираат, зашто не се знаеше кој мајмун што ќе улови, а кога ловеа групно, не се знаеше кој ќе земе поголемо парче од Македонија. Хоризонталата дури и ја официјализираа со Букурешкиот договор, што на сите мајмуни им гарантираше дел од ловот.

Науката утврдила дека големината на мајмунскиот мозок, зависи од социјалните интеракции во мајмунската група. Во таа мајмуносфера, денешните мајмуни не може да развијат блиски односи, ни да имаат социјални чувства за суштества вон групата. Тоа е наследство од еволуцијата.

Затоа, кога денес Груевски ќе му се обрати со писмо на Караманлис, не може да се очекува дека мајмунов ќе покаже разбирање за она што значи цивилизациска норма на денешницата, почитување на човековите права, приватната сопственост, индивидуалноста, признавање на различните ентитети... Тоа е вон неговата мајмуносфера.

Еволуциската брусилка го брусела денешниот хомоиден мајмун милиони години, но без голем успех во поглед на зголемување на мајмуносферата во која се одвиваат социјалните инетаракции. 150 Мајмуни! И толку!

 

3. Релациите вон сопствениот мајмуносферскиот лимит некои ги толкуваат како популизам! Дури и еден актуелен настан - воспоставување на релации со досега невидени временски и просторни димензии - посетата на кралот на Хунзите, народ кој себеси се сметаат за потомци на античките Македонци, некои домашни мајмуни не можат да го сфатат, зашто тоа е вон нивната мајмуносфера. Настанот кој досега е единствен во светската историја (враќање во земјата од која пред 23 тргнале претците и по исто толку време средба со народ кој се нарекува исто така како пред 23 века, Македонци! такво нешто досегашната историја не памети!) за таквите мајмуни е само гол популизам!

Но, не се тие виновни. Никој не може да оди против природата!

 
 

Постара Архива

adrialab

ГП Пелистер