Почетна --> Архива --> 165 --> ПОТРЕБА ЗА ПРИЗНАНИЕ
ПОТРЕБА ЗА ПРИЗНАНИЕ
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   

М-р Марија Котевска - ДимовскаПотреба за признание, поддршка и одобрување постои речиси во секое човечко битие. Разликата е само во нивото до кое таа потреба е застапена. Здравата поддршка и одобрување е потребна на секого. Во процесот на личен и професионален раст и саморазвој  туѓото мислење може да не ориентира или осигура на нашиот пат. Но тоа треба да игра споредна улога, а не да биде главен мотиватор за личната активност или показател за личната вредност.

Може да се рече дека постојат

 

Два вида мотиви

за исти постапки. Едните се темелени на личната храброст да се биде слободен да се изрази себе си, а другите на стравот да не се изгуби туѓата наклоност. Првата е карактеристика на мудрите, втората на несигурните. Всушност и историјата покажала дека многу великани и хуманисти ги постигнале своите врвни успеси токму затоа што туѓото одобрување не им значело, туку и имале сили да истраат во своите убедувања иако тие не биле прифатени од  мнозинството.  Овој екстрем на лична самодоволност е привилегија на мал број високоразвиени личности.

Другата крајност е типична за личности кои ниско се вреднуваат себе си, а се рефлектира во потребата секогаш да се добие внимение, одобрување или воодушевување. Кога е застапена во толку силен степен оваа потреба преминува во зависност. Таа е резултат на чувството на помала вредност кое води до погрешен емоционален став: ,,Ако добијам внимание, одобрување и воодушевување тогаш јас вредам во своите очи, но и во очите на светот кој ме опкружува. Ако не ги добијам тогаш јас не вредам".

Грешно верување во оваа илузија е дека без туѓото одобрување ние сме изгубени. Длабоко во себе веруваме дека нашиот свет зависи од она што другите мислат за нас. Но искуството покажува дека и ако се добие признание од мнозинството тоа не води до успокојување, ефектите се краткотрајни и само по извесно време личноста се чувствува еднакво неисполнета како и пред тоа. Така, постоењето на оваа зависност води до многу напори и вложувања да им се допаднеме на другите, а ефектите  ако ги добиеме, се мали и краткотрајни. Тоа е многу непродуктивен животен стил кој не води до лично исполнување, а уште помалку до раст и саморазвој.

Потребно е секој од нас да стане свесен како стои со потребата за признание. Ако искрено се загледаме во себе си и ја пронајдеме во минимална мера оваа

 

Илузија

потребно е да се ослободиме од неа.

Ако  негирањето на потребата за одобрување ви падне на ум како прва можност за нејзино надминување, тогаш знајте, тоа е најнепродуктивниот начин. Тоа води до бунтовно негирање на важноста на туѓото мислење. Но токму силата на бунтот покажува колку ни е битно туѓото мислење, само што тоа не сакаме да си го признаеме.

Само со работа на себе и самоспознавање можеме да го надминеме делот во себе кој сака да биде прв и посебен. Тој дел функционира по принципот: ,,Ако сум посебен за другите тогаш јас вредам". Ова се случува на несвесно ниво, но ако го доведеме до свесност веќе сме на пат да го надминеме.

Следниот увид треба да ни покаже кои се показателите на нашата зависност од туѓото одобрување. Дали се тоа  активностите кои ги преземаме, целите кои си ги поставуваме или внатрешните причини т.е. мотиви заради кои тоа го правиме?

Свесното

 

Соочување

ќе ни покаже дека активностите и целите се послаби показатели од мотивите кои нив ги поттикнуваат. Некои личности имаат цел да постигнат богатство, други статус или лични постигнувања. Некои го развиваат својот талент, други го градат својот карактер, верност или интелигенција. Некои дури прават и мошне хумани дела и пружаат помош или ствараат нови дела  во различни дејности.Самите дела може да бидат многу корисни и значајни, но ако е мотивот потребата за одобрување, тогаш тоа не е пропратено со личен раст и задоволство. Личноста водена од мотиви за признание и прифаќање се соочува со лична стагнација, празнина и незадоволство, што и да прави. Вистинското решение е во  соочување  со вакви мотиви што е  голема храброст и води до искреност кон себе си.

Таа ќе не доведе до

 

Свесност

за погрешното верување дека нашиот емоционален опстанок зависи од мислењето на другите. Вистината е дека тој зависи зависи само од нашето мислење за нас самите. Самопочитта зависи од тоа колку се познаваме себе си , своите чувства, мотиви, желби и стравови. На вистинскиот пат сме тогаш кога немаме потреба ништо да им докажуваме на другите. Нашите дела можеби ќе останат исти, но мотивите заради кои ги постигнуваме ќе бидат прочистени од потребата за јавно признание. Бидејќи се што е невистина ствара проблеми, така само вистинската, интристичка мотивација  може да доведе до мир, склад и слобода.

 

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски