Почетна --> Архива --> 165 --> ДОСАДНО КАКО ДО МАРС... И НАЗАД!
ДОСАДНО КАКО ДО МАРС... И НАЗАД!
Автор: Јордан Николов   

Јордан Николов(Велосипедски маратон „Галичица 2008“)

 

И овој пат ќе се навратам на еден текст од дневниот печат, само што сега ќе можам да известам во врска со него и од прва рака (или подобро: од први две раце и две нозе...) Зошто? Па, читнете го прво ова па ќе прајме муабет...

„Велосипедска патека на Галичица

На Галичица вчера (сака да рече 29-ти јуни тековна 2008-ма) беше пуштена во употреба првата патека за планински велосипедизам. Патеката е долга 55 километри и е на потегот од Студенчишта до месноста Два Јавора. Патеката е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и во целост ги исполнува стандардите за екозаштита. Веднаш по свеченоста, почна првиот рекреативен велосипедски маратон „Галичица 2008“, на кој учествуваа над 50 велосипедисти од повеќе градови во Македонија. Организатори се Националниот парк „Галичица“, Иницијативниот одбор на планинската велосипедска трка низ Македонија „Сончев круг“ и Спортско-велосипедското друштво „Енерџи“ од Скопје.“

За сега сè е во ред со информацијата, нели? Па, добро; секоја чест за луѓето кои се зафатиле да осмислат еден ваков настан и да го спроведат на дело. Но, еве со што ние битолчанишчата (како што не викаа домаќините) имаме проблем. Откако, како што беше планирано, во 9 саатот сабајле се нацртавме на стартната позиција на маратонот, и откако се видовме кој-сме што-сме сите што се дојдени, почнавме да се спремаме за стартот на маратонот споменат погоре во написот. Дури да се случи тоа чудо поминаа 50 минути во досадни и тотално непотребни сликања и снимања од разни локални и национални ТВ и новински куќи. Така фино си дојде време сонцето немилосрдно да нè тепа (што ќе продолжи да го прави во наредните 5 часа, ама кога сме улај кој ни е крив!?). Значи, откако го означија за отворен маратонот, почнавме сите фино-лепо да си возиме нагоре по асфалтната патека (иста онаква како што имаме за до Молика),  да се зезаме и да се надеваме дека одлична вожња лежи погоре во ова планина. Арно ама, 3 часа  подоцна воопшто веќе никој од нашата екипа не го делеше тоа мислење, и вервајте немавме повеќе ни капка духовитост во нас.


 

 

Што не ни се бендиса од патеката? Ништо не ни се бендиса. Луѓето на кои идеја за одлично планинско возење им се состои во 3 часовно гњавење по камењар и искосена трева, од друга страна, одлично си врвеа. Ама оти е тоа така? Затоа што веројатно немаат видено поарни патеки и поарен амбиент и природа... и на крајот на краиштата, можеби тоа им еврвот на велосипедските афинитети? Скопјаните (кои беа во најголем број – од проста причина дека скопски клуб беше коорганизатор на настанот, и дека превозот им беше гага), значи скопските шминкери си дојдоа со перфектно исчистени и исполирани крос-кантри точаци и нам ни беше јасно дека повеќе ќе станува збор за позирање отколку за вистинско возење. Воопшто не се излажавме. Тотално бесмислено, досадно и глупаво поминати 5-6 часа на точак (време во кое на Пелистер ќе се отепавме од ќеф и ќе слезевме во Битола со насмевка која хируршки ќе требаше да ни отстрануваат). Да сумирам: патеката можеби во целост ги исполнува условите за екозаштита ама е досадна до Марс и назад. Никогаш повеќе! А за вратка за ужасното возење му го вриеме на скопјани па ќе ги поканиме на специјално - ултра досадно возење низ битолски ниви и градини.

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски