|
Живеејќи во време обременето со купишта проблеми, a еден од најголемите во моментов - уникатен по есенцијалноста на неговата содржина која говори за македонското битие - е содржан во овој текст.
Сметам дека крајно време да ги оставиме зад нас сите болни амбиции на тн. политичари, на квази-интелектуалците, па и на самите нас, кои темелени на проклетиот макијавелизам не оставија долги години да тапкаме во место; да се бориме со замислени противници; да талкаме изгубени во времето и просторот незнаејќи дека во 90% случаи најголемиот противник сме самите ние, затоа што дозволуваме секакви штетници да ни делат филозофии трудејќи се да го убедат народот дека мастилото е водач Слоновите летаат, ама ниско а ние можеби и не сме Македонци и она со Античките Македонци е неосновано; ние сме си биле Словени; нашата земја можеби и не е Македонија; и како неопходност се наметнува потребата во нашиот вокабулар зборот компромис да станува еден од најприменуваните, а најмалку е битно дали ни се допаѓал или не, нам ни останува да го соџвакаме и да го голтнеме тоа дека нашиот македонски желудник тешко може да свари такви бљувотинки... како баш да не му е гајле никому! За среќа, не е така и секој кој смета дека тоа може да се случи некогаш и некаде, на пр. тука во мојата, во нашата Македонија, се излажал бидејќи мојот народ започна да излегува од светот на виртуелното кој вегетираше на нечии лаги и интриги.  Драги мои лажговци, жалам, но серијата наречена „народ-овца‘’ заврши, народот сфати дека вака повеќе не оди - да живе и понатаму во кафез третиран како заморче на кое други му кажуваат кои сме и од каде смеч а најстрашно од се да ни бидат нови кумови на она што е постаро и од нивните цивилизации! Како бре, мој македонски народе, дозволи толку ефтино да ти ја продадат пардон (тие и не знаат тоа да го прават успешно) туку - да ти ја прошверцувват лагата за привременото име и да дојде работава нож до коска, за да почнеме да се освестуваме за тоа кои сме и како се викаме? Народот и не е толку виновен зашто на поранешните структури и таков профил на народ им беше потребен кој нема потреба да мисли со своја глава (а не дај Боже да донесе некаква одлука) или да крене глас за она што неколкумина на врвот на пирамидата сметаа дека е за општото ,,добро’’ на сите без поделби по статусна, етничка или било каква друга основа, е па тоа што е вештачки составено нема долг век на траење па така и времето на урамниловката несреќно заврши за среќа на народот кој живееше во утопијата која му беше сервирана. Токму тој побара самостојност и ја доби така и сега народот го бара да го зачува и понатаму се грижи за она што од памтивек е негово, за што и впрочем говорат и фактите како што е Kаменот од Розета. Долго време се прашувам каде погрешивме и мислам барем според мене дека најголемиот проблем лежи во тоа што си ја запустивме историјата, ја запустивме младината а тоа значи дека си ја запустивме и државата? Осумнаесет години живееме во самостојна држава а за цело време не учеле дека сме дојдени на ова тло од Зад Карпатите и благодарение на спорот почнавме да ја осознаваме вистината, дури и професорите по историја за прв пат почнаа да предаваат една поинаква лекција за нашата историја и за прв пат собраа храброст да признаат дека во поранешниот систем им било забранувано да зборуваат за се она што е поврзано со историјата на Античка Македонија, таков беше и случајот со една универзитетска професорка која на трибината за Античка Македонија им се извини на своите студенти за тоа што погрешно ги учела, но така и били наредено. Кампањата на премиерот Груевски Образованието е моќ и за задолжителното средно образование е за поздрав. Една моја сугестија се однесува на оние мали сунѓерчиња од мозочиња кои се во градинките. Колку ним посветуваме внимание, не смееме да дозволиме нашите деца да не го препознаваат сопственото знаме, химна а да ги препознаваат туѓите само затоа што се на големи километарски и маркетиншки земји. Најмногу од се ме погодува помислата што ќе им кажам еден ден на моите деца и внуци кога ќе ме прашаат која е вистината за тоа што се случувало во едно време кога се кроела судбината на Македонското име и идентитет и како сме дозволувале други да се мешаат во она што не е нивно. Вакво прашање во врска со егзодусот на Македонците од егејскиот дел и го поставувам и јас на мојата баба која ги крева рамениците и тивко ќе каже во тоа време каде имаше сила немаше правдина и зборувајќи по лицето и се тркалаат солзи за времето на кое е сведок. Сега е поинаку - ние Македонците нема никогаш повеќе да дозволиме да се пишуваат на страниците на животот вакви тажни приказни бидејќи ниту некој ни го дал ниту може да ни го земе она што одсекогаш било е и ќе бида наше. Народот низ кафе-муабет или партија шах пред зграда или на пазар и било каде кажува дека се за референдум, и јас ја пренесувам како својата така и пораката на сите мои пријатели дека сакаме референдум и сакаме да живееме и твориме во оваа света земја а не некаде далеку, но не сакаме да бидеме дел од света а безимена земја која доколку би имала суфикси и префикси би била вештачка новокомпонирана творба а како што погоре напоменав се она што е вештачко краток му е векот, а мојата земја е: вековна лулка на православоието, колевка на словенската писменост, олицетворение на храброст и прва република на Балканот, земја-пиреј симбол на непокорот и вечниот живот. Не еднаш сме биле поробувани, мачени убивани, но ние сме Македонци - народ од единствен вид кој како фениксот се извива од пепелта и продолжува понатаму посилен од кога и да е со нови сили во нови победи, зашто Македонија е земја која победува! Таа не е име прочитано од книга ниту збор чуен од дедовци таа е крв коски и мајчино млеко затоа да издржиме и да бидеме сплотени и во оваа битка која е од суштинско значење за СИТЕ НАС без оглед на вери и националности, зашто немаме резервна Татковина зошто Македонија е една и единствена и таква ќе остане засекогаш. За во спомен и сеќавање на господинот Христовски и благодарност што ни остави една прекрасна песна која претставува импозантно дело со непроценлива вреднист за нас ми претставува чест со дел од неа да го завршам мојот текст ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, ВО ДУШАТА ГО НОСИМЕ, ЗА ТЕБЕ ЖИВОТ ДАВАМЕ, МАКЕДОНИЈО. |