|
Да ви раскажам нешто... можеби и вам ќе ви донесе малку спокој... Нели спокојот е најважното нешто, нешто по што мудриот човек го мери успехот на сопствениот живот. Значи можеш да го имаш целиот свет, ако мир немаш, ништо немаш. Така било од почетокот на светот, така ќе биде за секогаш! Сакал да признаеш или не. И така многу работи не зависат од тебе. Нити од мене. И јас и ти мој драг и многу почитуван читателу сме само зрно прашина. Но сепак важно зрно за оној кој не создал. Затоа да го дадеме најдоброто од себе. Да тргнеме во потрага по спокој... Да внесеме мир во нашите животи. Мирот го буди најдоброто во нас и не тера да можеме да ги допреме ѕвездите.
Но, да се вратам на почетокот... Вака... Принцот работи во банка и банката организираше акција под мотото „За почиста околина“ изминатиот викенд. Акцијата се состоеше во ставање клуч на банката и одење на целиот екипаж со се капетанот, се разбира во бисерот на Македонија, Охрид. Во Охрид се чистеше градската плажа. Јас како локал патриота запрашав: зошто баш Охрид, зошто не Битола? И Битола ќе дојде на ред – вели принцот, планирано е, опушти се. Сега уживај во Охрид... И јас идам – прашувам? Се разбира – вели принцот, има место слободно. Така и јас заминав во Охрид. И сега се прашувате... Па што и е на оваа бре... Нели започна со барање на спокојот, сега Охрид со некаква банка на акција за чиста околина... Не брзајте со заклучоци. Сакав да ви кажам дека во Охрид го најдов спокојот за кој почнав да ви пишувам на почетокот. Поточно спокојот беше токму во водата пред мене... во таа сина шир налик на небесната. Вода – си велам... чудесна вода... ти ги корне црнилата од душата и те прави чиста каконовороденче и весела како пеперутка... и слободна... многу многу слободна... Ова со водата сум го почувствувала од поодамна... Секогаш кога сум покрај вода се чувствувам исчистено и мирно. Се би дала за неколку минутки покрај вода. Таа е лек за мене. Можеби и за вас... Пробајте...
Водата ја сакам кога е мирна но и кога беснее, зошто тогаш ми е некако моќна и како да ми кажува каде ми е местото, и колку сум само малечка. Звукот на водата... За да се доживее вистински треба само да се потпреш на карпата под водопадот, да ги затвориш очите и да дозволиш да те понесе моментот...
Лек за секоја душа... Слобода...
Убавина... П.С. Најблизу за уживање е водопадот во Воден, Егејска Македонија, ама тоа во некои подобри времиња кога ќе им се смириме на Грците. Топ водопад во Македонија: село Ростуше, Дебар. Не пропуштајте... |