Почетна --> Архива --> 165 --> МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗОЛ
Автор: Марјан Вучковиќ   

Марјан Вучковиќ  "Ништо само по себе не е ниту добро, ниту лошо. Се зависи од тоа што ние мислиме за тоа" (В. Шекспир)

     

 

      Многу испреплетената судбина која Македонија ја живее, светски признатиот писател Ханс Л. Штепан ја запишува, а воедно и ја коментира во своето дело "Македонскиот јазол". Морам да кажам дека "Македонскиот јазол", буди силни емоции, а на моменти и набој на негативност кон сите оние кои "машки" ги влечат краевите на јажето, правејќи го Македонскиот јазол уште повеќе заплеткан.

"Македонскиот јазол" е термин кој во целост се поклопува со судбината на Македонија и верно ги отсликува ситуациите низ кои Македонија плови. За жал, карактеристиката на секој јазол е тоа што колку повеќе ги влечете краевите на јажето-толку потешко јазолот ќе го одврзете.

      Инспирацијата за терминот "Македонски јазол" доаѓа од изјавата на еден руски генерал кој ситуацијата во Македонија ја поистоветил со терминот "Гордиев јазол" (фраза која потекнува од походот на Александар Македонски кон Азија), при што генералот изјавил: "Тупаницата која ќе го разврзе македонскиот јазол нема да ја најде тука кај нас дома, туку во Европа."

      Она што делото "Македонскиот јазол" го прави примамливо за читање е излагањето на податоци и документи кои на многу вешт и специфичен начин се  поврзани со прашањето кое долго време ја води Македонија во агонија (благодарение на нејзините соседи) - македонскиот идентитет. Она што е интересно е јавната тајна дека нашите соседи континуирано се обидуваат да лансираат во европската јавност, а се почесто и во светски рамки, лажни аргументи базирани врз нивните претензии кон македонскиот народ, јазик, територија и идентитет. Ваквото лансирање на лаги и невистини доведува до една парадоксална состојба каде лагите на соседите основани на фалсификати се широко прифатени од меѓународниот фактор, додека пак вистината за тоа што и се прави на Македонија и податоците засновани врз оригинални и неоспорливи документи се "жигосуваат" како неосновани и непотребни во процесот на докажување на оспорениот македонски идентитет.

"Македонскиот јазол", како што кажува и самиот автор Штепан, се повеќе се стега, започнувајќи од Берлинскиот конгрес во 1878 година, а посебно во периодот на пост-воениот период на Балканските војни 1912 - 1913 година, кога македонските соседи перманентно ги повторуваат своите фалсификувани барања, при што длабоко во себе се убедени дека тие нивни неосновани барања би расцветале во неоспорливи вистини. Важно е да се напомене дека германскиот висок функционер Х. Л. Штепан пишувајќи го делото "Македонскиот јазол", отворено кажува дека се она што го има изнесено во своето дело се необјавени документи на Политичкиот архив на германското министерство за надворешни работи, каде што Штепан поминал извесен период од својот работен век.

Документите кои се кријат во архивите на европските сили, ни дава за право да бидеме сигурни дека нашиот идентитет имаме со што да го докажеме, а тоа се пред се оригинални документи кои се чуваат во архивите, а кои треба да се заангажираме и да ги изнесеме на денска светлина. Овие документи докажуваат дека постои македонски народ, а не грчко-македонски, ни српско-македонски, бугарско-македонски или пак албанско-македонски народ.

Значајни се и документите кои сведочат за периодот на Македонија под Османската империја, отсликан во извештаи на германскиот Рајх, од балканските земји. Значењето на овие документи кои исто така се наоѓаат во германскиот архив се важен доказ дека нашите соседни земји се исто така потчинети под османлиската империја и имаат еднаков статус со Македонија. Значи, ниту еден од нашите соседи не се води како земја во чиј склоп влегува и Македонија, но, јасно се кажува дека во склоп на осмалиската империја влегува и Македонија како  покраина еднаква со грчката, српската, бугарската покраина.

 Спротивно на тоа, соседите изнаоѓаат те. си прават свои документи кои алудираат на непризнавањето на Макеоднија како самостојна и независна држава, а како такви се и тн. "заеднички соопштенија", производ  на билатралните разговори во 1991 година помеѓу трите земји (Србија, Грција и Бугарија), каде е наведено дека "во Македонија живеат само Срби, Бугари и Грци, па македонската нација не постои", притоа занемарувајќи го фактот што Грција, Бугарија и Србија после Балканските војни 1912-1913 година, извршија илегални припојувања на делови од македонската територија.

      Иако Македонскиот јазол е  заплеткан така што ако сме доволно умни и единствени, ние по примерот на НАШИОТ Александар МАКЕДОНСКИ, јазолот ќе го пресечеме! Едноставно решение нели?

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски