Почетна --> Архива --> 164 --> АНТРАКС
АНТРАКС
Автор: Д-р Јуксел Сулејмани   

Д-р Јуксел Сулејмани   Денешните генерации при споменување на зборот антракс, прво би помислиле на некоја хард-рок група или с/ф роман, но во минатото оваа заразна болест однела многу човеки животи и сточарството трпело големи материјални штети. Првата позната вакцина која е произведена на светот (од Луј Пастер) е вакцината против антраксот.

Сепак тоа што бројот на заболени од оваа болест е значително намален како и економските штети во сточарството не значи дека болеста е искоренета. Секоја година, низ целиот свет, луѓето заболуваат од антракс. Во некои земји  (Зимбабве 1985), се јавува како епидемија со десетици илјади заболени. Можеби за Западна Европа оваа болест е егзотика, но во нашата земја се уште имаме случаи на заболен добиток и заболени луѓе од антракс. Треба да се напомене дека во

 

Околината на Битола

имаме неколку села , кои се водат како дистрикти на антракс.

   Причинител на болеста е Bacillus Anthracis, бацил, кој во надворешна средина создава спори кои се отпорни на физички и хемиски влијанија и можат да опстанат повеќе од 20 години (некои тврдат и повеќе од 60 години). Иако се подложни на зараза сите топлокрвни животни, најчесто се заразуваат тревопасните животни, кои со пасењето на заразените места, ги внесуваат бактериите во својот организам. Bacillus Anthracis е способен преку најмалите повреди на слузницата на усната или кожата да влезе во организмот и да предизвика болест.

   Во некои делови на Балканот антраксот е наречен "прострел" бидејќи овците и кравите умраат многу брзо, паѓајќи како прострелени со огнено оружје. Лечењето на овие животни не е можно, поради брзиот ток на болеста. Кај свињите оваа болест се локализира во гркланот, па постои време да се интервенира. Животните крварат низ сите природни отвори при умирањето, а во нивната крв се наоѓаат огромен број на бацили. Со тоа, тие места се контаминираат со огромен број на спори кои десетици години ќе можат да заразат нови животни или луѓе на тој терен. Сточарите во незнаење, за полесно да се ослободат од трупот на пцовисаното животно, го фрлаат надвор од селото, каде кучињата го расчеречувааат и остатоците ги носат на нови површини и со тоа ја шират заразата.

   Човекот се заразува од антракс преку директен допир со заразното месо или крв од угинатото животно, со директен контакт со кожа или волна од такво животни, преку конзумирање на месо од заболено животно. Во Африка е докажано дека и инсектите кои цицаат крв од животни можат да ја пренеста болест и на човек.

 

Кај човекот

во 85% анраксот се јавува во вид кожна форма (Pustula maligna). Се јавува на отворените делови на телото (раце, нозе, глава и врат) во вид на оток, кој личи на убод од инсект. Потоа се јавуваат околу тој оток пликови, полни со течност, од 1 до 2 см. во вид на венец. На тоа место потоа се јавува црна краста. Може да се јави и зголемена температура и треска. Крастата отпаѓа после една до две недели и на тоа место се создава лузна. Овој облик на антакс е најбезболен и може да помине спонтано, без лечење, но сепак секој десетти случај на кожен антракс без лечење завршува со смрт.

 Другите две форми на антракс, белодробниот и цревниот, настануваат зависно от тоа по кој пат навлегол причинителот во организмот. Овие две форми се многу поопасни за човекот и ако не се почне правовремено со лечење, исходот е најчесто смрт. Оваа болест се лечи успешно со антибитоци. Превентива против антраксот е задолжително носење на заштитна опрема со работа со материјал за кој се сомнева дека има антракс, редовна векцинација на добитокот во дистриктите каде ја има оваа болест и преземање на сите зоотехнички и хигиенски мерки при појава на болеста. Закопувањето или палењето на труповите на пцовиснаите животни е задолжително.

 Обичните смртници кои немаат никаков допир со добиток сепак треба редовно да обрнуваат внимание на хигиената на земјоделските производи кои ги кознумираат и месото и месните преработки треба да бидат од познато и проверено потекло Карактеристиката на оваа болест е дека не се пренесува од човек на човек туку само поединци кои ќе вдишат спори од антракс смртно ќе заболат, доведе подолго време антраксот да стане многу интересен за стручњаците на

 

Специјални војни

Уште во текот на Втората Светска Војна британската војска експериментираше со овој бацил, а после настаните од 11 септември, писмата со спори на антракс направија паника во САД. Ако добите писмо со непозната содржина, не ви препорачувам да го мириснете, бидејќи - никогаш не се знае!!!

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски