Почетна --> Архива --> 164 --> М0ЌТА НА ПОЗИТИВНИТЕ АФИРМАЦИИ
М0ЌТА НА ПОЗИТИВНИТЕ АФИРМАЦИИ
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   

М-р Марија Котевска - Димовска    Хуманистичката психологија го потенцира позитивното размислување и ја нагласува моќта на позитивните афирмации. Тие се силни мотиватори кои можат да поттикнат позитивни емоции и да не насочат кон продуктивни модели на однесување. Но луѓето се многу скептични за толкавата моќ на мислите врз квалитетот на живеењето. Тој скептицизам е неоправдан, зашто позитивните мисли за животот се како семето за растението. Пред да го посееме секое семе изгледа исто - суво и без животна сила, со боја и форма како и секое друго. Ако  знаеме што растение ќе никне од него и ако го посадиме со верба, во вистинско време и со вистинска нега тоа ќе почне да расте - ќе го добиеме саканато растение и неговите плодови.

    Истото е и со мислите. Кога ќе ги посееме вистинските, позитивни мисли во својот ум, тоа мора да го направиме со верување дека од нив ќе никне посреќен живот. Како што нашето верување станува посилно,  така тие позитивни мисли ќе почнат да растат и да се развиваат. Тие стануваат внатрешна сила која делува во нас, а нивни плодови се животните радости. Имајќи ја предвид моќта на мислите, потребно е секој од нас внимателно да ги преиспита.

    Бидете свесни за вашите внатрешни мисли. Каков е квалитетот на вашите убедувања? Можеби ќе заклучите дека голем дел од нив не само што не се позитивни, туку се засновани на негативни емоции. Насочете се на непријатните ситуации, или на оние кога сте немоќни да промените нешто што силно сакате да го промените. Тука доаѓаат до израз

 

Негативни емоции

од несвесниот дел на вашата личност во кој не се чувствувате исполнети. Него го чинат скриените мисли кои треба да ги побараме и јасно да ги формулираме.

    Можеме да чуеме глас во себе кој вели:

    - Не се исплаќа да пружаш и да си искрен, тоа никој не го цени;

    - Луѓето се себични, јас ќе ги казнам со неискреност, така ќе ја задржам моќта во комуникацијата, а нема да бидам повреден;

    - Кога сум ладен и суров се чувствувам силен;

    - Јас сум лош и не заслужувам љубов и среќа во животот. Ќе го видам животот како казна;

    - Среќните околности не траат долго бидејќи не зависат од мене.

    Овие или слични негативни мисли се создадени во детството како реакција на нашата болка кога светот се доживува како непријателски и болен. Тие произлегуваат од стравот дека негативноста во нас е наша последна реалност, но и од масовните верувања од типот:

    - Животот е борба;

    - Треба да бидеме појаки од другите за да бидеме среќни;

    - Животот засован на љубов и сочувство е досаден и ќе не направи слаби.

    Но, вистината е една и единствена, единствен начин да бидеме исполнети е да веруваме во животот и подготвеноста да соработуваме со други пружајќи и примајќи. Затоа, наместото на горенаведените убедување потребно е да направиме суштенствена трансформација што ќе значи нивна замена со позитивни афирмации. Секако дека тоа не се прави механички, ниту присилно, ниту со волја. Таквиот пристап ќе доведе до неприродно прилепување или интроектирање на туѓи содржини во нашата личност кои можат да доведат до извештачено однесување. Позитивните афирмации треба постепено да се градат и инкорпорираат во нашата личност и да станат дел од нас самите. Тоа е дел во кој веруваме или поточно кој сме ние самите. Позитивните афирмации се корисен елемент во личната трансформација во насока на еволутивен раст, но само тогаш кога сме свесни за личните слабости. Кога ќе ја прошириме својата свесност со она што е негативно во нас, а било потиснато во потсвеста, тогаш истото го надминуваме и креираме чист или празен простор кој можеме да го исполниме со позитивни афирмации. Во спротивно, доколку само ги прифатиме афирмациите без да ги инкорпорираме во прочистената свесност, станува збор за потиснување.


    Еве некои
 

 

 

 

Позитивни афирмации

кои можат да не водат во животот:

    - Сакам да се дадам целиот во животот, јас верувам дека тоа ќе биде почитувано и возвратено;

    - Преземам одговорност за себе и за креирање на мојата лична среќа во животот;

    - Се откажувам од својата крутост, порадо бирам љубов отколку сила;

    - Сакам да ги имам сите свои чувства, спремен сум да бидам искрен и ранлив.

    - Давам се најдобро во животот и го заслужувам најдоброто од животот;

    - Изборот да се посветиме на љубовта и вистината длабоко ги менува нашите животи.

    Промената на чувствата е постепен процес кој се постигнува со самоспознавање и саморазвој, што е единствениот пат до среќата.

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски