Почетна --> Архива --> 164 --> Македонско покровителство за обединувањето на грчките полиси
Македонско покровителство за обединувањето на грчките полиси
Автор: Марјан Вучковиќ   
Марјан Вучковиќ

„Античкиот свет се засновал врз фрапантна нееднаквост: ропство -слобода“ (Неркез Смаљаѓиќ), а пак модерниот свет денес се заснова повторно врз иста фрапантна нееднаквост: моќни – немоќни.

Вака строгата поделеност и нееднаквост на (условно кажано) модерниот свет, се темели врз секојдневното „силеџиско“ однесување на некои држави врз други држави. За жал таков е примерот и со нашиот јужен сосед кој своето однесување го темели врз моќта која ја ужива, одобрена од големите сили. Меѓутоа, уште еднаш ќе се задлабочиме во нашето минато, каде de facto и de jure, со факти и со документи, ќе го потврдиме нашиот идентитет. За таа цел, мора да нурнеме длабоко во минатото се до нашата античка држава, за време на владеењето на МАКЕДОНСКИОТ цар Филип II Македонски и нејзиното конституирање како држава.

Зошто е важно создавањето на македонската античка држава? Пред се, македонската античка држава е ЕДИНСТВЕНАТА централизирана држава во тој период! Македонската античка држава има своја организација на власта, свој вредносен систем на постоење, свој монетарен систем, своја позната и силна војска-македонската фаланга, има своја царска династија, своја територија, јазик и писмо. Постоењето на непобитни докази, почнувајќи од Пердика до Аминта, таткото на Филип II Македонски и неговата мајка Евридика кои го трасираат патот на МАКЕДОНСКАТА силна и УНИТАРНА држава, ја раѓа моќта која ја уживала МАКЕДОНИЈА  во тој период. Другите народи, поради големите и пред се успешни походи кои ги остварувале македонските монарси, зборувале за „македонски империјализам“. Во тие освојувања, влегуваат и античките грчки градови – држави тн. полиси.

За односот меѓу МАКЕДОНЦИТЕ  и Грците од посебно значење се: Коринтската лига, Дијаграмата на Филип II Македонски и Коринтскиот договор. Главната суштина на античките лиги е тоа што настанува ЗДРУЖУВАЊЕ (на две или повеќе држави), во случајов на македонската УНИТАРНА држава со дел од античките грчки полиси (Спарта не влегла во Коринтската лига!), заради одбрамбени цели. Имено во периодот за кој говориме грчките полиси биле РАЗЕДИНЕТИ и претставувале лесна мета, па затоа грчката страна  и посебно Изократ (антички филозоф), биле особено заинтересирани да дојде до помирување на антагонизираните антички полиси, а единствениот начин за тоа го гледале во МАКЕДОНСКИОТ  суверен - Филип II Македонски. Со Коринтскиот договор Филип II Македонски направил еден „КОМПРОМИС меѓу македонската политика на моќ и панелистичката програма на Изократ“ (Вилкен). Меѓутоа, во тие односи меѓу двете спротивставени страни, сепак компромисот се покажал како најдобро решение без оглед на тоа што едната страна-македонската, била многу подоминантна со својата сила и моќ.

А денес? Што се случува денес? Едната страна – грчката, користејќи ја својата моќ (членството во НАТО и ЕУ), не сака да отстапи од својот став за непризнавање на МАКЕДОНСКИОТ идентитет, занемарувајќи го фактот дека „Филип II Македонски (формирајќи ја Коринтската лига) ја обедини цела Грција (со исклучок на Спарта) во Лига на држави и така за ПРВ  пат во историјата создаде грчка обединета држава“ (Вилкен).

De facto МАКЕДОНСКАТА монархија и македонскиот цар Филип II Македонски се заслужни што денес постои Грција! Меѓутоа, како што вели народот „рани куче – да те лае“ или во превод: Ги обединивме сите разединети хеленски полиси за денес истите тие да не не признаваат дека постоиме.

Преседан и апсурд! Само така може да се карактеризира ваквото однесување на нашиот сосед.

На крајот уште еднаш  да се потсетиме дека МАКЕДОНИЈА е таа која ја обедини Грција, и МАКЕДОНИЈА  не заслужува да ги трпи навредите од Грција, токму поради „родителската“ поврзаност на овие две држави.

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски