|
Кју - треска (Q - fever) е болест која за прв пат е откриена во 1935 година во Австралија. Веќе по три години се воспостави дека причинител е рикецијата Coxiella burneti а набрзо се увиде дека тоа не е болест специфична за австралискиот котинент, туку дека ја има по целиот свет. Како резервоар на болеста се јавуваат овците, козите и поретко кравите, па затоа, поради големата агломерација на овци, во Австралија зачестеноста на болеста е најголема. Во Европа ја откриле за времето на Втората светска војна американските воени лекари при појавата на епидемија на воспаление на белите дробови кај нивните војници на Корзика и Италија.
Слична болест опишале и лекарите на германската војска во Грција и ја нарекле
Балкански грип
Причинителот на болеста, Coxiella burneti, е интраклеточен паразит, кој во надворешна средина поприма карактеристики на спора и станува многу отпорен на повисока температура и сончева средина. Обично животните кои се заразени од кју-треска не покажуваат некои знаци на болест, додека кај женските животни може да дојде до абортуси. Најголеми количини на оваа рикеција има во плодовите води и постелицата и при исфрлање на овие води и постелицата во надворешна средина, тлото се заразува со огромен број на рикеции. Човекот се заразува со
Вдишување прашина
 во која треба да има само една рикеција, па да дојде до инфекција, а многу поретко преку конзумирање на неварено млеко. Можна е инфекција и преку крлежи кои служат како преносители на болеста. Кај заболените луѓе првите знаци на инфекција се јавуваат по 18 до 21 ден. Се јавува покачена температура, треска и бол во мускулатурата која може да потрае и до три недели. Се јавува многу силна главоболка и губење на апетит. Кај една третина од заболените се јавува хепатитис или пневмониа. Многу е опасно кај луѓе кои имаат проблеми со срцето, бидејќи оваа рикеција ги напаѓа срцевите залистоци и кај овие пациенти многу чето оваа болест завршува со смрт. Болеста се лечи со антибиотици, а Лекувањето
е долготрајно. Најчесто од кју-треска заболуваат луѓето кои се занимаваат со добиток, како ветеринари, сточари и работници во кланици но и самото живеење во близина каде се чуваат овци или убод од крлеж се доволни да се заразите од оваа болест. Во 1984 година во Швајцарија заболеле 350 луѓе кои живееле покрај трасата по која се враќале овците од испаша. Најчесто време на појава на оваа болест кај луѓето е раната пролет, односно времето на јагнење кај овците. Болеста се откива со лабараториско испитување на крвта на заболениот бидејќи симптомите на болеста не се специфични само за неа. Како превентива од оваа болест треба редовно да се врши испитување на добитокот на оваа болест, заболените стада да не се истеруваат, да се врши задолжителна пастеризација на млекото, спречување на подигање на прашина во трлата со добитокот и ако е можно вакцинација на луѓето кои работата со ваков добиток Кај нас се уште оваа болест е на маргините на интересот на нашата јавност, но треба да се спомене дака во сите земји во околината се пријавени повеќе случаи на заболени луѓе од оваа болест во минатата и оваа година. Бидејќи се знае дека и кај нас се пронајдени домашни животни кои биле позитивни на кју-треска сигурно имаме заболени луѓе кои и не претпоставуваат дека боледуваат од оваа болест.
|