Почетна --> Архива --> 163 --> АКТИВНОСТ ИЛИ ПАСИВНОСТ
АКТИВНОСТ ИЛИ ПАСИВНОСТ
Автор: М-р Марија Котевска - Димовска   
М-р Марија Котевска - Димовска    За да се постигне и да се одржи хармонија во живеењето потребно е да се воспостави складен однос меѓу принципот на активност и пасивност. Секоја доминација на еден вид на делување ја нарушува рамнотежата на личноста и може да доведе до екстремни однесувања. Доминацијата на активноста може да доведе до хиперактивност проследена со постојано движење и психофизички немир, а тоталната пасивност води до неиницијативност и апатија . И двата екстреми се крајно непродуктивни животни стилови кои можат да доведат и до сериозни здравствени, психолошки и социјални нарушувања.
    Но каде е средината? Како да се постигне оптимален сооднос на двата принципи? Кога, колку и како треба да си пасивен а кога, колку и како активен?
    Не постои

Магична формула
нити едноставен рецепт кој ќе ни даде одговор на овие прашања. Но тоа не значи дека рамнотежа не може да се постигне. Тоа е процес кој бара континуирано конструктивно работење врз себе и својот саморазвој. Само ние сме одговорни за постигнување на тој склад. Со својата мудост, расудување и позитивна орјентација треба да го балансираме овој процес . За тоа е потребна континуирана будност, свесност и одговорност за она што се случува во во нас, со нас и околу нас. Она што секогаш ни е на располагање е сознанието дека секогаш имаме избор и дека ние сме одговорни за тој избор.
    Познатата молитва за смиреност токму тоа го кажува:
,, Господе, дај ми смиреностда прифатам она што не можам да го променам, храброст да го променам она што можам и мудрост да ги разликувам,,
    Со други зборови, свесност кога треба да се бориме а кога да прифатиме нешто. Ако сме активни тогаш кога треба да сме пасивни тоа го успорува нашиот развој. Треба да сме активни, да ја употребиме силата на волјата тогаш кога се работи за нашите основни принципи и вредности, за тоа е потребно да се бориме како би го сочувале својот


Интегритет
    Она што е наша најголема вредност како чесност, вистинољубивост, неповредување на други, нештетење, почитување на своите и туѓите права и слободи, поитување на другите и нивните потреби и ставови, неповредување... се се тоа вредности кон кои треба да заземаме активен и борбен став кон секој кој сака да не наведе да ги погазиме или прекршиме.
    Пасивното однесување е резервирано за ситуации кои не зависат од нас. Ние е можеме да го менуваме светот ниту луѓето околу нас. Значи правилно реагирање би било да не се обидуваме да ги менуваме работите кои се во таа контрола - однесувања на други луѓе и ситуации. Само ако емоционално го прифатиме ова интелектуално сознание кое ни е познато на сите, само тогаш ќе можеме да разликуваме кога треба да сме активни и борбени, а кога да реагираме со пасивност и прифаќање.
    Кога се јавува потребата за делување?
    При секоја неочекувана промена, незгода, конфликт, несогласување или неприлики од друг вид ние ќе ги препознаеме потребата да делуваме како би ја промениле ситуацијата - активност или потребата да се помириме со ситуацијата - пасивност.
    Треба да знаеме дека без надворешните случувања и другите луѓе воопшто не ќе можеме да откриеме дека во нас има вакви тенденции. Но тоа значи дека себе си не треба да се гледаме како жртви на случајноста или на другите, туку да го употребиме како би ја развиле личната флексибилност и мудрост во употреба на принципот активност - пасивност. На тој начин ја прифаќаме одговорноста за своите постапки што ни овозможува да одбереме на кој начин сакаме да делуваме. Тоа ни дава увид дека секогаш имаме

Избор
а како ќе го искористиме зависи од нас.
    Принципот активност-пасивност во односот со себе си е од фундаментално значење. Да се спознаеш и прифатиш себе си таков каков што си во сета своја несовршеност е принципот на пасивност. Но тој е неопходен како би постанале активни во процесот на саморазвој и самоусовршување. Колку и парадоксално да звучи овие два процеси се само две страни на едно исто, на создавање на хармонијата и балансот. Се додека не ја прифатиме несовршеноста ние не можеме да ја менуваме, а резултатот е напнатоста која ќе се зголемува додека правилно не ги употребиме активноста и пасивноста. Погрешно употребената активност ја исцрпува личноста и ја прави фрустрирана и без енергија.
    Преиспитајте ги своите постапки, дали напаѓате други тогаш кога треба да ги прифатите такви какви што се? Тоа е погрешно употребена активност таму каде е потребна пасивност. Или можеби правите обратно - молчите тогаш, кога би требало да се борите! Преиспитувај те ги секојдневно своите постапки, тогаш ќе се проширува вашата свесност за тоа дали сакате да го менувате она што не може да се менува или пак сте го прифатиле она што можете да го промените. Секој нов увид е чекор напред кон правилната употреба на принципот активност - пасивност, а тоа е чекор поблиску до вашето созревање и лична исполнетост.

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски