 Александар Македонски добил како подарок садови од стакло. Подарокот многу му се допаднал, а сепак садовите ги искршил. - Зошто? Зарем не се убави? Го запрашале. - Токму затоа, одговорил Александар Македонски. Толку се убави што би ми било тешко да ги изгубам. А, со времето, еден по еден ќе се искршат и јас би жалел повеќе одколку што жалам сега!
Не случајно започнувам со една анегдота за филозофските погледи на Александар - кралот на Македонците. Како и сите други добри нешта што траат кратко (за жал), и Александар МАКЕДОНСКИ почина млад, според некои тези поради заговор и убиство на Македонскиот цар кој успеа да го освои целиот (тогаш познат) свет! Меѓутоа, кога го читав воведниот дел на Тестаментот (или поточно кажано предговорот на Тестаментот на Александар Македонски напишан од В. Хекел), за момент добив чуство дека Александар Македонски како да ја насетувал својата блиска смрт. Дали тоа се должи на неговата
МУДРОСТ И ФИЛОЗОФСКИ ПОГЛЕДИ
или пак тоа чуство е спонтано, не можам да потврдам, меѓутоа можам да кажам дека оставајќи го својот тестамент, Александар Македонски, го гради стожерот на МАКЕДОНСКИОТ народ и МАКЕДОНСКАТА држава. Она што ми се наметнуваше како прашање додека го читав Тестаментот, во ниеден момент не е неговата ЛЕГИТИМНОСТ и ОРИГИНАЛНОСТ, за која нашиот јужен сосед на големо дискутира (што мислам дека нема да им успее), но, ми се наметна прашањето, КАДЕ се криел тој документ до сега! ЗОШТО се уште се избегнува употребата на Тестаментот на Александар, во одбраната на македонскиот идентитет? КАДЕ и КОЈ го криле „документот значаен за историјата на МАКЕДОНЦИТЕ“ како што вели В. Хекел. Навлегувајќи подлабоко во размислувањата заклучив дека
ОДГОВОРОТ
 можеби се крие во самиот Тестамент. За да го објаснам ова мое мислење ќе се послужам со извадоци од истиот: „Ако моето дете од жена ми Роксана е машко, тој пред сите други треба да биде Цар на МАКЕДОНИЈА, а во меѓувреме (додека стане полнолетен и способен да владее - м.з.), синот на Аридеј треба да биде Лидер на МАКЕДОНЦИТЕ“. Македонија, Mакедонци... хмм па нели тоа е причината поради која нашите соседи не сакаат да не признаат?! Тоа е причината поради која тие пробуваат да го „посвојат“ Александар! Меѓутоа, во ниеден дел од тестаментот не се споменуваат никакви „грци“ или пак „хелени“, што е поткрепа на сомнежот за тоа кој всушност се хелените и се разбира која е нивната територија, да, каде тие живееле. Во својот тестамент, Александар, хелените ги ословува како „Народот на Родос...“. Овој тестамент претставува клучен доказ со кој треба да ја прекинеме 24 вековната голгота на Македонците. Голготата на Македонците го достигна својот врв со објавувањето на Тестаментот во 1900 година, точно после 22 века од неговото настанување! Објавувањето на овој тестамент предизвика шок кај тогашните влади во Европа, посебно во Србија, Бугарија и Грција. Бидејќи доказот излезе на виделина, преку
ТАЈНИ ДИПЛОМАТИИ
овие држави се договорија да го оспорат легитимитетот и легалитетот на тестаментот. Со тоа започна и најголемиот геноцид на Македонците, пред очите на европската и светската јавност. За крај, не смееме да заборавиме дека клучот на сегашните проблеми во кои се наоѓа Република Македонија и денешните Македонци, потомство на Александар МАКЕДОНСКИ, е токму во Тестаментот и никаде на друго место, како доказ пред светот за досегашната неправда и кражба на македонското наследсто и Македонскиот идентитет. Ние, денешните македонци треба да сме горди дека во нашите вени тече крв од нашите предци - античките Македонци, кои ни оставија аманет да го продолжиме нивното дело, цивилизација и култура. Да не забораваме!
|