|
Животот е проследен со многу случувања кои не притискаат и не доведуваат до стрес. Да научиме како да го надминиме и победиме, прво треба да разбереме што е тоа стрес, како настанува и како функционира. Луѓето се разликуваат според тоа што е стресно за нив. За оние кои сакаат промени и авантури може да биде стресна едноличната работа и без промени. За оние кои сакаат рутина и сигурност, стресна е работата во која промените се чести. Она што за едните е забавно, за другите може да биде прилично стресно.
Самосвесните луѓе умеат да излезат на крај со стресот и да го искористат за свои цели. Она што за една личност е огромна и незаобиколна препрека на патот, за другата е само едно скалило кое треба да го прескочи на патот до успехот. Ние сами го оформуваме своето доживување на реалноста. Начинот на толкување и доживување на реалноста може да биде најголем извор на стресот или најдобро орудие против стресот. Нивото и начинот на поднесување на стресот може да се менува со годините. Многу проблеми и болести се последица на нивото на стрес кој е над нашата способност за толеранција Позитивен и негативен стрес Колку и чудно да звучи, стресот сам по себе нема вредносна конотација. Тој може да биде позитивен и негативен зависно од личноста и начинот како таа реагира на настанот. Да се присетеме: Реалноста е неутрална, ние и даваме и придодаваме значење. Дали им придавате преголемо значење на некои проблеми? Дали сте преокупирани со негативни мисли? Дали повеќе внимание им придавате на лоши аспекти на животот отколку на добри? Позитивен стрес се сите случувања кои даваат возбудливост на животот и активираат поголемо ниво на нашата енергија. Натпреварувањето е стрес. Иако можеме да уживаме во тоа, силните чувства кои не поттикнуваат на некои високоенергетски активности се стрес. Стресот може да не покрене на активност, на поснажно доживување на животот. Љубовта и вљубеноста се стресни. Животот е стресен. Недоволно стрес може да го направи животот досаден. Може да не успие. Негативен стрес е се она што предизвикува алармна реакција на нашиот организам, реакција "бори се или бегај" и активација на симпатичкиот нервен систем. Стресни случувања предизвикуваат силни емоции, пратени со одредени физички и физиолошки одговори. Тие се контролирани од симпатичкиот нервен систем, нервно ткиво чија функција е да го припреми организмот за случај на опасност, за борба или за бегство. Овој типичен образец на одговор настанал во дамнешните времиња кога човештвото било соочено со бројни физички опасности. Иако опасностите со кои се сретнува современиот човек се многу поретко од физичка природа, нашето тело реагира како да се. Телесните реакции на стрес се следниве: Зениците се шират да пропуштат повеќе светлина, потењето се зголемува смалувајќи ја можноста од повреда на кожата. Крвните садови поблиску до кожата се собираат за да ја смалат можноста на крварење при евентуална повреда, а во мозокот и мускулите се шират да го зголемат дотокот на кислород. Срцето бие посилно, а крвниот притисок се подига. Нормално, кога стресните случувања завршат, луѓето се смируваат, особено ако можеле да направат нешто да излезат на крај со таа опасност. Да побегнат од опасноста или да се изборат со неа. Но, ако тоа не се во состојба, доаќа до акомулација на стресниот одговор и можно оштетување на здравјето.
Које е вистинската мерка на стресот и каков стрес ни е потребен? Стресот не може да се елиминира и не треба потполно да го елиминираме. Може да се смалат изворите на негативен стрес. Можеме подобро да се организираме, појасно да ги дефинираме целите и менаџментот на време и така да избегнеме стрес кој произлегува од хаотичноста, преоптеретеноста и несигурноста. Можеме да научиме како подобро да излеземе на крај со стресот. Да го употребиме во наша полза кога делува мотивирачки на нас и да ја смалиме и отстраниме вишокот и негативните ефекти на стресот. |