|
ЏОН ПЕРКИНС Најважната работа на еден платен економски убиец е да ги открие сите земји од Третиот свет кои имаат ресурси за кои потенцијално би биле заинтересирани глобалните корпорации (на пр. за нивната нафта), во кои глобалните финансиски институции (Светска банка, ММФ...) ќе пласираат големи позајмици. Меѓутоа, парите од банките не влегуваат директно во односната држава, туку кај истите тие компании кои како странски инвеститори градат фабрики и индустриски комплекси, големи инфраструктурни системи и сл. Државата во која се вложува запаѓа во
Големи долгови од кои не може да исплива... Тогаш ние, платените економски убијци, одиме во некоја таква земја и велиме: "Затоа што не можете да ги платите борџовите, дајте ни нафта по ниски цени, или пак она што го имате - руди, вода..." Во некои случаи нема успех - агенти-хиени се испраќаат да урнат нечија влада која не сака да влезе во шемата. Ако и хиените потфрлат, тогаш на сцена стапува војската, како што беше случај со Ирак. Меѓународните економски односи се такви што судбината на малите земји во развој ја детерминира интересот на глобалниот капитал. Мрачната страна на светската економија станува очигледна сега, зашто политичкото позиционирање на некоја слаба држава во меѓународниот систем станува зависно од нејзината економска способност, односно од нејзината безусловна отвореност за странскиот капитал. На тој начин богатите стануваат уште побогати, а сиромашните Уште посиромашни! 
Во сенката на приказната за инвестирањето во развојот на нерзавиените се крие уште една, поинаква приказна, која во суштина е многу сурова. За неа зборува некогашниот успешен економистте. платен економски убиец - Џон Перкинс. Сумирајќи го неговото богато искуство од џунглата на економската глобализација, периодот во кој корпорократијата и профитот на најмоќните доведе многу земји на работ на економски колапс, а со тоа и почеток на крајот на нивната политичка самостојност, во 2004 тој ја напиша фасцинантната книга "Признание на еден платен економски убиец". Перкинс како дипломец на Универзитетот во Бостон многу брзо станал интересен за одредени политичко-стопански структури како што се Националната агенција за безбедност и на една мала компанија која била ангажирана како консултант на Светска банка за инвестициите во Третиот свет. Така, преку ноќ тој станува некој вид таен агент кој одлично си ја врши работата. Негова работа била да создава држави кои економски ќе зависат од САД со што Америка по Регуларен пат ќе си обезбеди пат за експлоатација на ресурсите на некоја држава. Се работело за милијарди долари, Ќе рече Перкинс: - Во замјите како на пр. Еквадор, Нигерија или Индонезија се претставуваме како учители или бакалџии. Во Вашингтон и Париз изгледаме како владини службеници или банкари. Посетуваме објекти и сиромашни села. Проповедаме алтруизам и даваме изјави за локални медиуми за благодетите кои ќе ги донесат нашите хуманитарни проекти. Конференциските маси и владините комисии ги затрупуваме со табели и со бројки, а на Харвард држиме предавања за чудата на макроекономијата:. Во економското Поробување на светот Перкинс вели дека најголема улога одиграле ММФ и Светска банка. Без страв дека ќе биде убиен од агентите-хиени, тој се обидува да ни ги покаже работите поинакви отколку што на прв поглед изгледаат, кажувајќи дека вреди да се бори за изградба на подобар свет. - Создаваме глобална империја, без примена на сила. Кредитите пласирани во некоја сиромашна земја одат во џеповите на богаташките фамилии кои инвестираат во односната земја. Од тоа мала е користа за најголемиот дел од популацијата на државата која ем нема пари да троши отповеќе, ем не е доволно образувана да работи во новите индустрии и така фактички останува да живее вон тој систем. Земјата завршува на тој начин што паѓа во големи долгови кои не може да ги плати. Тогаш ние, економските убијци настапуваме на сцена - дајте ја вашата нафта по ниски цени за нашите компании, вели Перкинс. Според него ММФ нуди кредити за да се отплатат некои веќе постоечките долгови на некоја земја, но тоа подразбира согласност да ги отстапат нивните Национални богатства на приватни глобални корпорации, да приватизираат што е можно поголем дел од економскиот сектор и да направат трансформации по терк на глобалниот капитал. - Кога на 11 септември гореше Светскиот трговски центар знаев дека морам да ја напишам таа книга. Сфатив колку е важно да им се помогне на луѓето да разберат дека американската надворешна политика не е она за што се претставува и дека нејзина цел во овој Нечесен свет да создаде што поголема нестабилност. Сакам мојот внук да живее во постабилен и мирољубив свет, а за да се постигне тоа мора да бидат отстранети сите причини за тероризам, глас, сиромаштија и експлоатација. Од агентите-хиени не се плашам, зашто секој знае дека штом еднаш нечие мислење ќе стане достапно до јавноста, преку книга на пр. тогаш мали се шансите да биде убиен, а и ако тоа се случи, може да придонесе само кон зголемување на нејзината проджаба. Тоа е поголема опасност отколку авторот да остане жив, вели Перкинс. |