Почетна --> Архива --> 161 --> Психологија - Вистински и лажни потреби
Психологија - Вистински и лажни потреби
Автор: М-р Марија Котевска-Димовска   

            Емоционалната состојба во која се наоѓаме, нивото на лична исполнетост, спокојство и задоволство, се поврзани со степенот до кој се задоволени нашите потреби. Колку повеќе незадоволени - потреби толку поголемо незадоволство и неспокој на личноста и обратно. Штом нашето спокојство и мир, а во крајна линија и личната среќа се поврзани со потребите и нивното задоволување, тогаш неминовно се наметнува прашањето како тоа да се постигне?

Постои ли некој метод или

 

Начин на живеење

кој ќе ни обезбеди задоволување на поголемиот дел од нашите потреби? Од што зависи тоа, дали од видот и бројот на потребите, дали од вештината тие да се задоволат или од други фактори?

            Ова се суштински прашања кои секој човек си ги поставува во текот на живеењето. Многу луѓе се обидуваат да го решат овој проблем со следново размислување: “Кога би имал помал број на потреби, или кога тие би биле поедноставни, тогаш би можел полесно да ги задоволам и би бил позадоволен”. Или размислувања од типот: “Кога условите би биле подобри, кога би имал/а подобар партнер, побогати родители, поразбрани претпоставени, посредена држава... “

            Но решението не е во тоа да ги намалиме своите потреби и да го стесенеме опсегот на живеење, ниту да ја префрлиме одговорноста на други, а уште помалку да чекаме другите да ги задоволат нашите потреби.  Суштинскат компонента во

 

Формулата

за оптимално задоволување на потребите е во тоа јасно да ги дефинираме своите потреби и да ја согледаме нивната природа - дали станува збор за вистински, реални потреби или лажни и незрели.

            Како ќе знаеме која потреба е вистинска, а која лажна?

            Основниот критериум според кој се определува автентичноста на потребата е - од кого зависи нејзиното задоволување. Доколку задоволувањето на нашите потреби зависи од други луѓе,  станува збор за лажни потреби кои се извор на незадоволство и фрустрираност. 

 

 

Нереални потреби

се барања кои ги поставуваме кон другите за да се чувствуваме исполнето. Бараме незадоволените потреби од детството да ни бидат надополнети сега на начин што само ќе примаме од другите се што ни е потребно - љубов, признанија, пофалби, одобрување, прифаќање... Тоа се болни побарувања затоа што е неможно да се остварат. Потребно е да го пронајдеме во себе тој дел од личноста и да станеме свесни за гласот во нас кој бара да му се пружи она што му е потребно. Гласот на тоа дете во нас зборува: “Јас морам секогаш да добијам љубов и воодушевување од другите. Ако не го добијам тоа е катастрофа!” Колку и да сте зрели, побарајте ги областите од својот живот кога се чувствувате со тежина и немир заради нешто што ви се случило. Проверете ги своите реакции на неисполнети очекувања, критики, желби и дали ги доживувате многу силно. Тогаш ќе ги препознаете нереалните потреби и осветата со која ги засилувате. Оваа свесност ја проширува нашата личност и ја зајакнува, зашто стануваме свесни за

 

Силата на зрелиот дел

во нас, оној кој ја бара вистината. Тој може да сосема солидно да живее и без потполно одобрување, безусловно прифаќање и љубов, некритично воодушевување и сличо. Ова води до сознание дека до лично исполнување, задоволство и мир може да се дојде и на други начини кои не зависат од други туку само од вас. Така ќе можеме на другите да им дозволиме да бидат она што се и така ќе ги подобриме релациите со нив.

            Како да дојдеме до вистинските потреби?

            Вистинските потреби никогаш не бараат од другите да ви ги исполнат желбите и да се грижат за вас како да сте дете. Станете свесни за тоа што очекувате од другите а што треба самите себе си да си пружите. Тогаш реалните потреби како самоизразување, раст и развој ќе дојдат до израз. А тоа се потреби чие исполнување зависи исклучиво од нас. Тие водат до вистинско задоволство, исполетост и љубов кои ќе постанат наша реалност.

 

Исполнувањето

за кое копнееме може да дојде само преку нас самите. Условено е од способноста за безусловна љубов, а почнува со самоодговорост. Се додека ги обвинуваме другите дека се одговорни за нашиот живот, ја губиме способноста да оствариме среќа. Кога ќе станеме свесни дека нашето патење го создаваат нашите погрешни ставови ќе можеме да се чувствуваме посигурни, зашто сигурноста нема веќе да ја бараме во одобрувањето од другите. Немирот се намалува дотолку повеќе, колку што причините за своето патење ги бараме во себе. Тоа патење е негирање на незадоволените потреби од детството кое создава

 

Зависност од другите

Кога ќе ја преземеме одговорноста за се што ни се случува, кога во се гледаме можност да се спознаеме себе си. Тогаш ќе престанеме да очекуваме некој да не исполни. Ќе бидеме помалку зависни некој да не фали и сака и ќе можеме самите да се почитуваме, зашто нема да се чувствуваме како некој што бара и е огорчен кога не наоѓа. Тоа ја зголемува сопособноста за позитивни чувства и потребата тие да се поделат со другите луѓе. Способноста за љубов станува алтернатива за алчното побарување да се прима добива.

 
 
Среќни Празници!

На своите верни читатели, весникот „ЕГО“ им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Постара Архива

ГП Пелистер

Карпатија

Зк Пелагонија

Водовод

Макошпед

Буре

Квасара Битола

Стоматолошка ординација Д-р Јолевски